Добивај вести на Viber
СВР-Битола расчисти неколку тешки кривични дела од областа на имотни деликти кои биле извршени со насилство.
Од битолската полиција информират дека тешките кривични дела биле пријавени во изминатиот период, а во кои со примена на физичка сила, лице одзело вредни предмети од граѓаните, но и предмети сопственост на Македонската православна црква.
- Поднесени се три кривични пријави против лицето Н.Т. (51 г.) од Битола, заради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „разбојничка кражба“, „кражба“ и „разбојништво“. Пријавениот делата ги извршил на 21-ви, 22-ри и 27 јануари оваа година на различни локации во Битола. Со наредба од судија за претходна постапка, полициски службеници од СВР-Битола извршија претрес во домот на пријавениот при што пронајдени се и одземени три икони како и еден стар црковен дрвен крст, кој од страна на Отец од храмот „Пресвета Богородица“ во Битола е препознат, истакна Магдалена Димитровска од секторот за односи со јавност при СВР-Битола.
На пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
СВР-Битола паралелно ја спроведува постапката на кримининалистичко-техничко вештачење на обезбедените материјали поврзани со трите опожарени возила во овој град, настан кој се случи ноќта меѓу 29-ти и 30 јануари, а за што има осомничено лице.