Битолчаните кои мачеа заштитен орел добија кривични пријави
Објавено во: Македонија 28 Октомври, 2016
Двајцата битолчани кои објавија фотографии на социјалните мрежи како држат заробен златен орел добија кривични пријави за мачење на животни.
„Првоосомничениот Н.С., откако фатил орел златен сури, го однел во дворот на семејната куќа, го врзал со јаже и на таков начин го изложил на непотребни маки и му нанел непотребни болки. Наредниот ден двајцата битолчани насилно му ги рашириле крилјата на орелот и се фотографирале со него, а потоа и ги објавиле сликите на социјалната мрежа „Фејсбук““, информираат од МВР.
Овој вид орел, познат како златен сури, е заштитен затоа што е пред целосно исчезнување на територијата на Македонија. Први по настанот реагираа од македонското здружение за заштита на бувови МОТ, а веста со огромни осуди веднаш се рашири по социјалните мрежи.