БИТОЛЧАНКА КРЕАТИВНО ГО КОРИСТИ КАРАНТИНОТ: Времето го минува изработувајќи мозаици со школки
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 28 Април, 2020 06:54
Митра Дупчинова пензионерка од Битола креативно го користи времето додека се на сила мерките за ограничени движење, поради пандемијата со коронавирусот.
Се посветува на неколку хоби активности, а најчесто изработува мозаици со школки. Оваа работа ја започнала пред три децении.

„Во ова време кога е препорачливо да се седи дома, јас имам многу време за занимавање со моите хобија кои ги имам повеќе. Најмногу креативно се посветувам на изработката на мозаици со школки. Нив ги изработувам повеќе од 30 години.Имам рачно собрани школки од сите околни мориња за да можам да ги употребам во реализација на една слика во вид на мозаик. Сите школки претходно се добро исчистени, сортирани, по видови, големини, бои. Имам од најмали како зрно ориз па сѐ до големи школки. Во една слика со димензии 20x30 има повеќе од 4.000 школки ако е направена со нив. Сите школки кои ги употребувам се со природни бои“, вели таа.

Додека дека мотиви има секакви, започнува само со мисла што сака да направи, без никакво цртање.
„Секоја слика е уникатна и не може иста таква да повториш. За да се изработи една слика потребно е многу трпение, простор, многу време и многу разни видови на школки со различна големина. Секоја слика е единствена, со природни бои и заштитена со безбоен лак“, раскажува Дупчинова.

Досега има реализирано една самостојна изложба во 2006 година во НУ Завод и музеј Битола.

„Реакцијата на сите кои ги имаат видено моите слики е позитивна и се воодушевени. Некои од сликите ги продавам, некои ги подарувам, некои се наредени во мојот дом. Освен со ова изработувам и слики во техниката енкаустика, тоа се слики изработени со восок“, објаснува Дупчинова.

Освен ова, го сака и пишувањето. Пишува проза, поезија, досега објавила две стихозбирки, а има и други две книги во подготовка. За својот книжевен труд, има награди и признанија, и е застапена во различни антологии.
Сања Атанасовска* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија





