20 Декември, 2025
0.1112

Битолска млекара предвреме плати 15 милиони денари данок на добивка и донираше за битолската болница

Објавено во: Мои пари 03 Април, 2020 15:56

Добивај вести на Viber

Битолска млекара изврши предвремено плаќање на вкупните аконтативни обврски за данок на добивка за тековната 2020 година во висина од 15 милиони денари, со надеж и верба дека на тој начин ќе придонесе кон ублажување на последиците од вонредната ситуацијата настаната поради пандемијата на КОВИД 19.

Истовремено, денес беше донирана и финансиска помош на Клиничката болница Битола за набавка на два пациент монитори, потребни за подобрување на болничките капацитети во справување со КОВИД 19.  Во изминатиов период беа донирани и производи за најранливите групи граѓани во Битола коишто преку Црвениот Крст Битола ќе бидат распределени според потребите и евиденциите на локалната канцеларија за хуманитарна помош.

“Во период кога целото општество се соочува се една ситуација која за сите нас носи бројни непознаници, треба да ја покажеме нашата одговорност кон заедницата. Во овие моменти потребно е да делуваме заеднички и да покажеме единство со сите државни и општествени процеси. Во тие рамки ја ставаме и грижата за локалната заедница и реагираме соодветно за да помогнеме онаму каде има потреба. Упатуваме и апел до нашите сограѓани да се заштитат, да останат дома и да бидат безбедни, за оваа криза побрзо да помине“, изјавија од Бимилк.

За Клиничката болница од Битола оваа донација е значајна и доаѓа во вистински момент. “Оваа помош од Битолска млекара доаѓа во навистина важен момент и значително ќе ни помогне во зајакнувањето на нашите капацитети во дадената ситуација. Се надевам дека и другите стопански субјекти во градот ќе го следат примерот на Битолска млекара во општествената одговорност”, изјави д-р Билјана Гагачовска, директор на ЈЗУ Клиничка болница Битола.

Во новонастанатата ситуација Битолска млекара целосно се раководи и ги почитува препораките за заштита и превенција упатени од Министерството за здравство, и во однос на своите вработени, соработници и во однос на производите. Во исто време со примена на сите превентивни мерки воспоставено е континуирано и непрекинато производство и достава на производите до сите делови од државата.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии