22 Март, 2023
0.0242

БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА ПРЕД РАСПАЃАЊЕ: Неосветлени тоалети, ѓубре и најужасно-чадор во тоалет за да не капат фекалии врз пациентите

Објавено во: Македонија 25 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Ужас...Од Тито е тоа одделение...Ова ни во Сомалија го нема...Жалосно и страшно, да собереме по 100 денари цела Битола и да се санира оваа зараза и здрав да си ќе се заразиш...

Ова се само дел од коментарите, откако битолчанецот Танас Димитриевски на својот профил на Фејсбук објави видео за условите и стандардите на на едно од одделенјата во Клиничката болница во Битола, веднаш до ковид-центарот, каде се лекуваат пациенти болни од вирусот. 

Во видеото појаснува дека тоа е делот од болницата каде што условите се сметаат за подобри, заради што сака за ова да знае и министерот за здравство Венко Филипче, но воопшто и целата јавност, партиите и невладините организации.

-Ѓубре насекаде, едниот од тоалетите за е неосветлен, а во другиот ние сами, пациентите ставивме сијалици. Но, ова што сега ќе ви го покажам е досега невидено нешто. Тука има поставено чадор, за да не течат фекалии врз пациентите додека вршат нужда, вели Димитриевски во видеото што самиот го сними и го објави на Фејсбук.


Димитриевски го објави видеото неколку часа подоцна откако на Фејсбук беа објавени и две фотографии на кои се гледа како во една болничка соба пациенти примаат инфузија, а до нив на креветите лежат починати пациенти.

Овој случај беше причина, министерот за здравство Венко Филипче веднаш да побара од Државниот здравствен и санитарен инспекторат да испрати вонреден инспекциски надзор во болницата во Битола за да се утврди фактичката состојба во дневната болница.

-Претходно д-р Билјана Гагачовска директор на Клиничката болница во Битола, во врска со настанот што се случил вчера во битолската дневна болница, информираше во Министерството за здравство дека еден од пациентите кој бил во лоша здравствена состојба примал инфузија, а на другите два креветат за време на интервенција, пациентите починале. Согласно лекарските регулирани во член 272 од Законот за здравствена заштита, став 1: „Преглед на умреното лице се врши, по правило, најрано 2 часа по настапувањето на смртта на местото на смртта, а најдоцна 12 часа по пријавувањето“. Од таа причина телото на починатиот не можело да се пренесе во болничката мртвачница, објасни директорката на болницата во Битола.

Министерството за здравство уште еднаш апелира дека доколку членови на семејство на пациент и лично пациенти имаат каков било сомнеж за евентуален лекарски пропуст или за начинот на лекарски третман, да се обратат до ДСЗИ.

A.Б.

фото Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Затвореници копале тунел за бегство од Идризово, полицијата ги откри

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Затвореници копале тунел за бегство од Идризово, полицијата ги откри

Анастасовска: Јанкулоска уште еднаш покажува дека е поголем маж од нејзините бивши колеги и претпоставени

Анастасовска: Јанкулоска уште еднаш покажува дека е поголем маж од нејзините бивши колеги и претпоставени

Артан Груби: Баскетот ми е од Перо Антиќ, голчето од ФФМ, а топката од Наумче

Артан Груби: Баскетот ми е од Перо Антиќ, голчето од ФФМ, а топката од Наумче

Кој е новиот в.д. директор на Фондот за ПИОМ?

Кој е новиот в.д. директор на Фондот за ПИОМ?

Изет Меџити: Не ми е јасно од каде наоѓа Груби пари за толку скапи пејачи

Изет Меџити: Не ми е јасно од каде наоѓа Груби пари за толку скапи пејачи

Диви наплаќачи на слободниот паркинг спроти Ист Гејт Мол

Диви наплаќачи на слободниот паркинг спроти Ист Гејт Мол

НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ: Викендов треба да ги поместите стрелките на часовникот

НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ: Викендов треба да ги поместите стрелките на часовникот

Управа за извршување на санкции: Пронајден е подземен недовршен тунел од околу 50-тина метри на потегот од објектите кои се рушат

Управа за извршување на санкции: Пронајден е подземен недовршен тунел од околу 50-тина метри на потегот од објектите кои се рушат

Ковачевски: За мене етничка припадност не е професија

Ковачевски: За мене етничка припадност не е професија