Бизнис бонбона! Во што нашите банки вложија една милијарда евра!?
Објавено во: Економија 30 Август, 2021
Станбените кредити за население се „бест бај“ продукт на банкарскиот пазар на кредитни пласмани во првата половина годинава! Статистиката покажува дека има „тепачка“ за станбени кредити затоа што нивната вредност во однос на лани пораснала за 15 отсто и надминала една милијарда евра!!!
Градежната експанзија на изградба на станбени единици за колективно домување веројатно е еден од најдобрите бизниси во земјава. Многу е актуелен, конјуктурен и солидно се заработува. Затоа што побарувачката е голема, а ја креираат тие што немаат стан, а сакаат да се здомат, но и оние што имаат пари, па сакаат да вложат во „некретнина“ оти тоа било сигурно, а високопрофитабилно.
Еден од клучните бизниси во земјава е градбата на нови станбен единици. Континуирано расте, а солидно е поддржанa од домашните деловни банки. И на страната на градителите како и на страната на купувачите на станови. Во оваа процедура добро заработуваат банкарите, но и нотарите.На макроекономско ниво најважно е тоа што градежната индустрија ангажира и дава позитивни импулси и на уште дваесетина други производни и услужни дејности.
Официјалните податоци за првата половина од 2021 година покажуваат дека домашните деловни банки во станбени кредити кај физички лица пласирале 1,03 милијарди евра. Тоа е за 15 отсто повеќе во споредба со истиот период лани.
Очекувано, потрошувачкиот кредит е кралот на банкарските продукти наменети за населението. Со пресек на 30 јуни годинава банкарските пласмани во потрошувачки кредити се на ниво од 1,68 милијарди евра што е раст за 7,4 отсто во споредба со истиот период 2020 година.
Пад на кредитирањето на банкарскиот сектор има кај автомобилските кредити, кај кредитните картички и на групата други кредитни производи. Во автомобилски кредити за физички лица банките пласирале 3,8 милиони евра што е за 17 отсто помалку од претходната година. Во кредитни картички граѓаните имаат долг од 170 милиони евра што е за 9,5 отсто помалку од лани. За сметка на тоа пак пораснал долгот популарен како „минус на тековна“ односно со банкарски вокабулар негативни салда. И тоа за 4 отсто до износ од 102 милиони евра. Значајно паднал и интересот за други кредитни производи и тоа за 26 отсто до ниво од 47,3 милиони евра.
Вкупната кредитна изложеност на населението во првото полугодие годинава изнесува над 3 милијарди евра.
Р.Ф.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.