24 Јуни, 2019
0.0166

БИЗНИС КОЈ РАСТЕ БРЗО КАКО ПЕЧУРКИ: Колку пари свртеле лани компаниите за „брзи кредити“?

Објавено во: Анализа 28 Јуни, 2018

Неколку компании кои се џуџиња во однос и на најмалите банки. Главен атрибут им се огромните растови и пазарна пенетрација веќе во втората година од работењето, а добивките во втората година се движат од 10 до 25 отсто од вкупните приходи. Кои се компаниите чиј бизнис расте брзо како печурка, а работат на ситно ?

Има ли бизнис и иднина во бизнисот во мали позајмици на кратки рокови? Ова е финансиска индустрија што во Македонија допрва се развива. За да добиеме макар и ориентациоска претстава за тоа какви се перформансите на овој нов бизнис во земјава и во какво бизнис опкружување работат тие компании „Фактор“ направи нивно рангирање врз основа на податоци кои ги добивме од Централниот регистар на Македонија и се однесуваат на работењето на овие компании во 2017 година, а делумно кај дел од нив има споредба и со 2016 година.

Генерално од податоците може да се заклучи дека барем засега станува збор за бизнис во зародиш со сите негови „детски болести“. А потенцијалот што го има ќе може да вадиме заклучоци откако сепак ќе помине малку повеќе време.

Како работел лани „Кредисимо“?

Финансиското друштво „Кредисимо“ лани остварило приходи од продажба во износ од 739.500 евра и тоа е друштво, што за нијанса, има поголеми проходи од ривалот „М Кеш“. Лани „Кредисимо“ има добивка од 171.500 евра и тоа е солидно подобар и охрабрувачки резултат во однос на 2016 година кога друштвото изработило со загуба од 21.100 евра. Неговите приходи бележат извонреден раст од 697.400 евра во однос на приходите од 2016 година. Друштвото лани немало вработени.

Како растел бизнисот на „М-Кеш“?

Ривалот на „Кредисимо“, „М-Кеш“ лани има приходи од продажба во износ од 694.000 евра  и тие во однос на 2016 година книжат раст од 171.500 евра. Иако растот е помал во однос на главниот конкурент друштвото сепак има зголемување на пазарното учество за повеќе од 30 отсто во однос на 2016 година. Добивката на „М-Кеш“ е 64.700 евра и резултатот иако послаб од конкурентскиот е сепак многу подобар од 2016 година кога друштвото завршило со загуба од 238.000 евра. Лани „М-Кеш“ вработувал 14 лица.

Кои се новите играчи на пазарот на брзи кредити?

Лани на пазарот на брзи и мали задолжувања настапуваат уште две компании: „Форца кредити“ и „ИУТЕ Кредит Македонија“. „Форца“ лани остварил приходи од 520.000 евра и тие се за 514.000 евра повисоки од 2016 година. Сепак друштвото имало многу повисоки расходи лани – тие изнесуваат 1,27 милиони евра и загубата за лани е 747.500 евра. Ова друштво имало 9 вработени лани. „ИУТЕ Кредит Македонија“  е најмалиот играч на пазарот на мали и брзи позајмици. Лани го почнале бизнисот и приходот од 2017 година е 90.000 евра, расходите се 322.000 евра. Загубата за 2017 година е 238.000 евра, а фирмата вработувала лани 14 лица.

Во овој пазарен сегмент свои деловни операции има и „Дајнерс Клуб Интернационал МАК“, компанија долго години присутна на македонскиот финансиски пазар. Лани нејзините вкупни приходи изнесуваат 2,81 милиони евра и се на исто ниво како и во 2016 година. Вкупните расходи на друштвото лани се 3,38 милиони евра и тие пораснале за 500.000 евра во однос на 2016 година. Загубата на „Дајнерс“ лани надминува 600.000 евра. Друштвото вработува 44 лица.


Р. Ф.


Можеби ќе ве интересира

Атанасоски: Прашање е колку Заев е психофизички силен и за премиер и за прв финансиер

Атанасоски: Прашање е колку Заев е психофизички силен и за премиер и за прв финансиер

Неделен фактор: Никој нема да не праша за гепекот - Сите ќе гледаат во тепихот

Неделен фактор: Никој нема да не праша за гепекот - Сите ќе гледаат во тепихот

Трошановски: Не треба да бидеме заложници кога ќе добиеме датум, реформи мора да има

Трошановски: Не треба да бидеме заложници кога ќе добиеме датум, реформи мора да има