08 Мај, 2024
0.0258

Бизнис Конфедерација на Македонија со тетовските компании ги поставија приоритети за подобра бизнис клима

Објавено во: Мои пари 03 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Преку директни и непосредни средби со компаниите од тетовскиот регион, Бизнис Конфедерација на Македонија ќе ги подобрува деловните можности и перспективи на малите и средни, локални компании. На заедничката средба, што се одржа во Тетово беа изнесени поедините проблеми и предизвици со кои се соочуваат компаниите од овој регион. Врз основа на сознанијата и заклучоците, ќе се постават приоритетите и ќе се изнаоѓаат конкретни решенија за подобрување на бизнис климата во Македонија и создавањето на одржлив бизнис.

Нас како конфедерација што ги застапува интересите на бизнис заедницата во Македонија, ни се исклучително важни овие директни средби со деловните партнери. На  овој начин, со излегување на терен, разговори и дебати можеме непосредно да ги слушнеме компаниите од микро, мал и среден раст со кои проблеми се соочуваат и на какви препреки наидуваат во своите развојни планови. Колку повеќе изнесат и колку се подетални во своите изјаснувања, толку ние можеме да бидеме поефикасни во изнаоѓањето решенија. Врз основа на сето она што го кажуваат, ние предлагаме реформски зафати, законски измени, економски стратегии како би обезбедиле што подобри услови за работа“, изјави Миле Бошков, Претседател на Бизнис Конфедерација на Македонија.

Со цел надминување на проблемите со кои се соочуваат компаниите, Бизнис Конфедерација на Македонија изработи платформа од предлог политики и стратегии базирани на најпроблематичните точки во работата на деловните субјекти. Владеење на правото, Пристап до финансии, Претприемачка култура, Лојална конкуренција и Овозможувачка правна и регулаторна средина се насловите на овие платформи.

Создавањето на предлог политиките како и организацијата на настанот се поддржани од проектот „Унапредување на социјалниот дијалог“, кој го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот. По средбите со претприемачите од кавадаречко – неготинскиот и охридско – струшкиот регион, ова е трета средба на Бизнис Конфедерација на Македонија со локалните компании. Директните средби со бизнис заедницата ќе продолжат и понатаму со промотивни настани во повеќе градови од државата, со што ќе бидат вклучени голем број сопственици, претприемачи и менаџери со цел подобрување на бизнис климата во земјата.

Можеби ќе ве интересира

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“