06 Октомври, 2024
0.0249

БИЗНИС СО ГАС: ТЕ-ТО со загуба од 7,5 милиони евра, вкупно дупката е 42,8 милиони евра!

Објавено во: Економија 22 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Независниот ревизор пишува: постои значајна неизвесност дали друштвото ќе биде во можност да продолжи да работи во континуитет. На 31 декември 2014 година тековните обврски се повисоки од тековните средства за 2,84 милијарди денари!  Когенеративната термоцентрала ТЕ-ТО, единствената голема приватна компанија за производство на топлинска и електрична енергија во земјава, лани завршила со загуба од 463,9 милиони денари (7,5 милиони евра)! Според официјалните податоци од годишниот извештај објавени на сајтот на берзата овој производител лани продал електрична и на топлинска енергија во вредност од 843,94 милиони денари што е понизок приход од 10 милиони евра (околу 610 милиони денари ) во споредба со 2013 година! Оваа компанија, која е основана во 2005 година и е најголема инвестиција во македонската електроенергетика од независноста на земјава до сега е во незавидна состојба и нејзината иднина е неизвесна. Долговите на ТЕ-ТО кон поврзани субјекти т.е. акционери, кон банките и кон добавувачите надминуваат 13,6 милијарди денари (220 милиони евра)! Според официјалните податоци од консолидираниот извештај за финансиската состојба друштвото има акумулирана загуба од 2,64 милијарди денари (42,8 милиони евра). Токму заради овие состојби независните ревизори во своето мислење изразиле укажување дека цитираме: „Без понатаму да го квалификуваме нашето мнение обрнуваме внимание на белешка 2 (д) кон консолидираните финансиски извештаи, во која е наведено дека за годината завршена на 31.12.2014 година друштвото оствари загуба во износ 464,15 милиони денари и на тој датум тековните обврски ги надминуваат тековните средства во износ од 2,84 милијарди денари. Овие работи покрај останатите работи наведени во белешката 2 (д) укажуваат на постоење на значајна неизвесност дали друштвото ќе биде во можност да продолжи да работи во континуитет“. Како ТЕ-ТО работело лани Финансиските податоци покажуваат значаен дебаланс меѓу приходната и расходната страна на билансот. ТЕ-ТО како продавач на електрична енергија по пазарни цени и продавач на топлинска енергија по регулирана цена успеал да оствари приходи од продажба во износ од 843,9 милиони денари. Во тоа продажбата на 190.000 мегаватчасови струја учествува со 617,65 милиони денари, а продадените 87.052 мегаватчасови топлинска енергија генерирале приход од 225,87 милиони денари. Кај приходите од продажба лани во однос на преклани ТЕ-ТО  потфрлил со речиси 10 милиони евра. Дополнителниот приход на ТЕ-ТО лани бил уште околу 140 милиони денари. Вкупно 982,9 милиони денари.  За производство на топлинска и електрична енергија ТЕ-ТО потрошил над 43.600 нормални кубни метри природен гас (Nm3) за чија набавка, транспорт и царина компанијата потрошила 791,1 милиони денари. Од овие податоци е очигледно дека во овие услови на цени на топлинска и електрична енергија во Македонија производството на енергија од природен гас е далеку од вносен и исплатлив бизнис! Дополнителните трошоци на ТЕ-ТО се: 118,4 милиони денари амортизација, 64,2 милиони денари трошоци за педестмината вработени, а 148,45 милиони денари се трошоци за камати и за кредити. Заедно со другите поситни трошоци лани расходната страна на ТЕ-ТО изнесувала 1,447 милијарди денари. На акционерите ТЕ-ТО должи 8,3, а на банки 4,45 милијарди денари! Кредитната изложеност на ТЕ-ТО е навистина висока и веднаш влегува во очи. Компанијата на своите акционери, според податоците од извештајот, им должи над 8,3 милијарди денари односно над 134 милиони евра. Според податоците од извештајот во огромна мерка побарувањата на акционерите се со третман на кредити без камати и се дадени на долг период односно веќе еднаш се репрограмирани за исплата до 2021 година. Кон банките компанијата должи 4,45 милијарди денари односно околу 72 милиони евра. Постројките односно опремата за производство на топлинска и електро енергија се под хипотека кај банките. Во годините наназад ТЕ-ТО, инвестиција вредна над 130 милиони евра, акумулирал загуба од над 2,2 милијарди денари. Очигледно дека бизнис моделот или условите во овој сектор воопшто не одговараат на овој производствен капацитет од најсовремена технологија, високо ефикасен и еколошки подобен затоа што како погонско гориво користи природен гас. Овој производствен капацитет воедно е и поединечно производствен капацитет со најголема инсталирана моќност за производство на електрична енергија – 230 мегаватчасови. Кои се акционерите на ТЕ-ТО Најголем акционер во компанијата е „Проџект менаџмент консалтинг“ компанија со седиште во Велика Британија која поседува 60 отсто од акциите. Втор по големина акционер е „Битар холдинг Лимитед“ исто од Велика Британија со посед врз 29,2 отсто од акциите. Овде е важно да се спомене дека овој акционер во 2013 година имал 20 отсто од акциите, а овие 9,2 отсто ги купил од Кардикор Инвесмент ЛТД со седиште на Кипар. Кардикор ги продал своите акции или побарување во ТЕ-ТО на Битар и излегол од акционерската структура. Трет акционер е домашната компанија „Топлификација“ со учество од 10 отсто во акционерската структура. Акциите на „Топлификација“ се дадени како залог за кредит во корист на кредитодавателот „Комерцијална банка“. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип