17 Декември, 2025
0.0604

Бизнисмени од Англија догодина ќе инвестираат во Македонија!?

Објавено во: Економија 18 Јули, 2013 20:50

Добивај вести на Viber

Последен ден од роуд шоуто во Велика Британија. Според најавите, Британците остануваат заинтересирани за инвестирање, пред се во информатичката технологија, турзмот, спа-туризмот и во автомобилската индустрија. Како што изјавил за МИА министерот за финансии Зоран Ставрески,  се очекува догодина дел од бизнисмените од Ливерпул, Лидс, Шефилд и Манчестер, да вложат во земјава.

 „Имаше интерес во неколку сектори, но сè уште е рано да се зборува поконкретно за тоа какви инвестиции би можеле да следат. Наша задача овде беше да го презентираме она што Македонија може да го понуди, да оствариме почетни контакти и верувам дека врз основа на најавите ќе имаме посета на инвеститори од Англија во следниот период и дека дел од овие работи што тука се разговараат ќе се материјализираат и ќе дојде до реални инвестиции“, изјави Ставрески по средбите во Британија.

Во рамки на посетата на Британија, економскиот тим на Владата ги презентираше инвестициските можности што ги нуди земјава, а биле остварени и билатерлани средби со повеќе компании. Покрај Ставрески, дел од делегацијата беа министерот за привлекување странски инвестиции Веле Самак и директорот на Агенцијата за привлекување странски инвестиции Висар Фида.

Можеби ќе ве интересира

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар