28 Ноември, 2024
0.0260

Бизнисмените до Владата: наместо да создава непријатели – да го подобри кредитниот рејтинг!

Објавено во: Економија 28 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Дали Македонија ќе ја тужи или не американската кредитна агенција “Стандард и Пурс“ не е јасно, но по вчерашните оценки на  премиерот Никола Груевски јасно е дека тој бил запознаен со реакцијата на Министерството за финасии, кое оцени дека Извештајот е нелогичен и дека агенцијата се меша во внатрешните работи на земјава. “Она што Министерството за финансии го објави, тоа е она зад кое што стојам и јас и не би имал некој додатни коментар““ – изјави премиерот Груевски, сепак, додавајќи дека прифаќа дел од забелешките на Агенцијата. Бизнисмените повикуваат Владата воопшто да не ја потценува оценката на кредитната агенција. Оценката е важна за сигурноста на странските и на домашните инвеститори, но и за македонските фирми во надворешната трговија – објаснува Венко Глигоров. Еве според него, кои би биле клучните последици од намалениот кредитен рејтинг : - Првиот удар би бил врз инвестициската клима.
“ Досегашниот кредитен рејтинг на Македонија (BBстабилен) не е доволен за засилено привлекување на странски инвестиции ниту за олеснување на извозните проекти на стопанствениците. Намалувањето на ББ- е уште полоша состојба“ – оценува Глигоров.
- Ќе поскапат парите.
“Помалиот кредитен рејтинг значи и поголеми камати при кредитирањето на фирмите кое ќе доведе до поскапување на производите за фирмите и граѓаните. Помал рејтинг значи поголеми трошоци за македонските компании при извозот зошто треба да се грижат за поголем маркетинг, да се плаќаат поголеми давачки во осигурувањето, а увозните компании се оптоварени се поголеми трошоци при увозот бидејќи странските партнери се заштитуваат повеќе во соработката.“ – оценува Глигоров.
- Намалена конкурентност Пониската оценка за кредитниот рејтинг, според економистите,  ќе има  негативни последици генерално за конкурентноста на македонската економија, зголемување на цените и осиромашување на поголем број на граѓани, а заради недоволната атрактивност на земјата, многу млади и квалитетни луѓе уште позасилено ќе ја напуштаат земјата. Додека Владата го “отфрли“ Извештајот како неконзистен и нелогичен, експертската јавност повикува да не се игнорират оценките и да се преземат мерки.
“Сево отвора негативна спирала и затоа е потребно Владата најсериозно да пристапи кон подобрување на кредитниот рејтинг наместо енергијата да ја троши на создавање на опоненти и непријатели во светските агенции. Владата на РМ е потребно итно да изготви програма со мерки кои ќе доведат до кредитен рејтинг на Македонија од најмалку BBB за да се почувствуваат позитивни придобивки во економијата. Во извештајот на Стандард и Пурс се наведени областите заради кои Македонија доби послаба оценка. Овие области треба да бидат во фокусот на активностите на Владата на РМ“ – посочува аналитичарот и бизнисмен Глигоров.
Премиерот Груевски не сакаше да ги коментира детаљите од извештајот на “Стандард и Пурс“, иако наведе дека некои работи ќе се менуваат. “Ние и досега обрнувавме големо внимание на структурата на инвестициите, и отсега тоа ќе го правиме и ќе се трудиме колку што е можно да бидат попродуктивни расходите. Но, знаете, секогаш секоја држава има ситуација кога треба да инвестира и во нешто што е поврзано со други работи, поврзани со државноста на таа држава, но како и да е, ќе се трудиме во иднина да имаме максимално колку што е можно повеќе продуктивни инвестиции.“, рече Груевски. Поради намалениот кредитен рејтинг, опозиционерите од ЛДП  побараа оставка од министерот за финасии, додека од СДСМ оценија дека Извештајот е одраз на реалните економски состојби и ја повикаа Владата да не го игнорира. Д.А.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

СОБРАНИЕТО ВРАБОТУВА, СЕ БАРААТ ДУРИ 27 ЛИЦА, А ЌЕ ИМА И ПЛАТИ НАД 64 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - етничка припадност веќе не се наведува, но еве што се бара

СОБРАНИЕТО ВРАБОТУВА, СЕ БАРААТ ДУРИ 27 ЛИЦА, А ЌЕ ИМА И ПЛАТИ НАД 64 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - етничка припадност веќе не се наведува, но еве што се бара

Во која тетовска компанија директорот го зголеми бројот на негови акции за 85 отсто?

Во која тетовска компанија директорот го зголеми бројот на негови акции за 85 отсто?

КОШНИЦАТА СЕ КРЧКА, АМА ЗА МИНИМАЛЕЦОТ УШТЕ ЌЕ ПОЧЕКАМЕ – граѓаните скептични

КОШНИЦАТА СЕ КРЧКА, АМА ЗА МИНИМАЛЕЦОТ УШТЕ ЌЕ ПОЧЕКАМЕ – граѓаните скептични

КОНЕЧНО СЕ ЗНАЕ ЗОШТО СЕ РУШИ ХОТЕЛ ЈУГОСЛАВИЈА: На негово место ќе никне реномираниот Риц-Карлтон

КОНЕЧНО СЕ ЗНАЕ ЗОШТО СЕ РУШИ ХОТЕЛ ЈУГОСЛАВИЈА: На негово место ќе никне реномираниот Риц-Карлтон

ДОПРВА ЌЕ ИМА МНОГУ РАБОТА, ЕВЕ КАДЕ ЌЕ СЕ РАБОТИ НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО- ОХРИД: Николоски со детали

ДОПРВА ЌЕ ИМА МНОГУ РАБОТА, ЕВЕ КАДЕ ЌЕ СЕ РАБОТИ НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО- ОХРИД: Николоски со детали

ОВА МОРА ДА ГО ЗНАЕТЕ АКО ПЛАНИРАТЕ ОДНАПРЕД ДА ГО ПЛАТИТЕ ОДМОРОТ: Системот ETIAS ќе влијае на тоа

ОВА МОРА ДА ГО ЗНАЕТЕ АКО ПЛАНИРАТЕ ОДНАПРЕД ДА ГО ПЛАТИТЕ ОДМОРОТ: Системот ETIAS ќе влијае на тоа

СТАНОВИ ВО ГРЦИЈА ИМА И ПОЕВТИНИ ОТКОЛКУ ВО МАКЕДОНИЈА: Еве ги детално цените на недвижности во атрактивните места

СТАНОВИ ВО ГРЦИЈА ИМА И ПОЕВТИНИ ОТКОЛКУ ВО МАКЕДОНИЈА: Еве ги детално цените на недвижности во атрактивните места

ВОРЕН БАФЕТ ГО ПРОМЕНИ ТЕСТАМЕНТОТ: „Не сакам да создадам династија“

ВОРЕН БАФЕТ ГО ПРОМЕНИ ТЕСТАМЕНТОТ: „Не сакам да создадам династија“

ГЕРМАНИЈА НАЈАВИ КРЕДИТ ОД 24 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Ќе гради транспортна мрежа за водород

ГЕРМАНИЈА НАЈАВИ КРЕДИТ ОД 24 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Ќе гради транспортна мрежа за водород