06 Декември, 2025
0.1137

ГОРАН АНТЕВСКИ, ЧЛЕН НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР, КУПИ АКЦИИ ОД КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА - еве колку го чинеше пакетот од 100 акции

Објавено во: Финансии 16 Февруари, 2024 10:31

Добивај вести на Viber

И членови на Надзорниот одбор купуваат акции во Комерцијална банка, откако со исти такви пакети се стекнаа двајца членови на Управниот одбор и директори во банката.

За тоа нашата најголема банка транспарентно ја информира инвеститорската јавност преку Македонската берза.

Вчера банката извести дека и Горан Антевски, член на Надзорниот одбор на Комерцијална банка, се стекнал со 100 акции од банката.

„Известуваме за следната ценовно чувствителна информација - Комерцијална банка АД Скопје известува дека г-н Горан Антевски, Член на Надзорниот одбор на Банката, се стекна со 100 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје“, се вели во објавата нна банката на Берзата.

Според пребарувањата, Антевски и во претходни години има купувано акции во банката.

Ова следува откако и двајца членови на Управниот одбор и директори во банката, Илија Илоски и Билјана Максимовска, купија, исто така по 100 акции од банката. 

Според цената по која се купуваат акции на банката на Берзата, дали на редовното тргување, дали преку блок трансакции, излегува дека за овие пакети од по 100 акции, се платени суми меѓу 25 и 27 илјади евра.

Неодамна банката информираше дека Илија Илоски, долгогодишен главен оперативен директор во Комерцијална банка и член на Управниот одбор, купил 100 акции од оваа банкарска институција.

Претходно, пак, оваа банка извести дека главната директорка за корпоративно банкарство во Комерцијална банка, која е воедно и членка на Управниот одбор на банката, Билјана Максимовска Поповиќ, купила 100 обични акции од Комерцијална банка.

Кога раководството на некоја компанија купува акции од неа, тоа значи дека има доверба во успешноста на бизнисот, како и во перспективите на тоа акционерско друштво. 

Акцијата на Комерцијална банка неодамна во еден исти ден доживеа со неа да бидат направени четири блок трансакции. Нивната вкупна вредност беше 225 илјади евра, што можеби не се големи пакети, но, постигнатата цена кај сите овие блокови беше 16.300 денари за акција, што значи нов раст на вредноста на акцијата на оваа банка. Вкупниот број на истргуваните акции во четирите блока беше 850 акции, а цената кај сите е 16.300 денари за акција. Тој ден имаше тргување и со многу голема количина акции на редовниот пазар.

На вчерашното редовно тргување, пак, цената на акцијата достигна 16.675 денари за акција, а беше истргувана количина од 1.183 акции.

Комерцијална банка минатата година беше најуспешна банка во земјава, остварувајќи профит од над 58 милијарди евра. 

Н.Н.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката