05 Декември, 2025
0.0420

Бизнисменот Минчо Јорданов отвора фабрика за производство на сирење!

Објавено во: Агробизнис 27 Декември, 2012 08:25

Добивај вести на Viber

Бизнисменот Минчо Јорданов, влегува во уште еден земјоделски бизнис. Наскоро овој бизнисмен ќе ја промовира фабриката за производство на традиционално македонско сирење. Овие информации за Фактор ги потврдија и луѓе блиски до Јорданов. Подготовките за производство се при крај, а отворањето на сирењарата треба да случи наскоро. Засега не се открива со колкав капацитет ќе работи сирењарата и како ќе се снабдува со суровина, но се знае дека е сместена во Градско. Извори за Фактор откриваат дека бизнисменот Јорданов веќе го скенирал американскиот пазар, од каде добил позитивни сигнали за пласман на традиционалното сирење. Ова не е прв бизнис на Јорданов во земјоделството. Пред неколку години  купувајќи го земјоделскиот комбинат „Вардар“ од Градско, стана газда на 5.592 хектари земјиште, лозови насади, овоштарници, оранжерии и на над 3.000 грла овци, а поседува и  пасишта во Малореканскиот регион.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?