Бизнисот не е одушевен од новите мерки на Богов, но подобро нешто, отколку ништо!
Објавено во: Анализа, Финансии 01 Декември, 2012
“Како банки одвојуваме пари за задолжителната резерва, која практично е еден вид на трошок, врзаните пари неможеме да ги пласираме како кредити. Сега со оваа мерка, ако на пример одвоиме кредит од 1 милион евра на некоја фирма нето-извозник за истиот тој износ од 1 милион евра ќе се намали нето-основата за пресметка на задолжителната резерва“ – објаснува за “Фактор“ Антонио Аргир од НЛБ Тутунска банка. Во обидот на НБМ да го поттикне кредитирањето дел од банкарите препознаваат политика на државата за стимулирање на извозните компании. Сепак, посочуваат дека одобрувањето на големи кредити за компаниите подразбира исполнување на серија критериуми, особено оној дека компанијата мора да биде бонитетна и да влегува во кредитната категоријата “А“ односно “Б“, објаснуваат банакрите.
Позитивна оценка за потегот на НБМ стаса од Сојузот на Стопански Комори од каде очекуваат дека со ослободување на повеќе пари за кредити, каматите ќе се намалат а пристапот до свежи пари ќе се олесни. Сепак, дел од компаниите – извозници со резерва ја дочекаа веста. Вакви мерки беа потребни многу порано Според информации на “Фактор“ токму за оваа мерка веќе се разговарало на повисоко ниво на релација бизнис-НБМ. Но, стопанствениците очекувале дека оваа мерка ќе биде понудена многу порано. Бизнисмените сега се сомневаат дека може да биде задоцнета. “Предолго време Народната банка пасивно мобилизираше големи суми на пари. Сега веќе не е прашање дали има кредити туку дали на нас ни требаат тие кредити со оглед на тоа што нарачките од странство се намалуваат а ризиците се зголемуваат“ – коментираат за “Фактор“ од една водечка извозна компанија. “Како потег мерката е позитивна и треба да придонесе за подобрување на ликвидноста на фирмите. Намалувањето на каматата од 1 отсто на големи суми и кредити нема да биде незначително. Но, најпрво треба да ги видиме критериумите што ќе бидат условени со овие кредити“ – вели за “Фактор“ Александар Панов од Макстил . Поранешните министри за финансии Трајко Славески и Никола Поповски, во изјава за 24 Вести се со различни мислења за потегот за “олабавување на монетарната политика“. “Ако судиме според практиката на повеќе земји од светот коишто водат ултра експанзивна монетарна политика, таа во повеќе случаи не стигнува, осносно не се одразува компаниите. Тие сеуште плаќаат високи камати на кредитите. Во нашиот случај се работи за таргетиран број на компании, значи за извозните компании и оние од енергетскиот сектор. Мислам дека ќе имаме некој ефект во однос на намалување на цената на кредитите а со тоа и полесно справуавање на компаниите со кризата“ – вели Славевски. Наспроти него, Поповски вели дека приодот на НБМ е селективен. “За мене е нејасно што НБМ има како таргет. Мерката малку ќе влијае на банките, малку на нето-извозните компании, значи не се однесува на сите компании што извезуваат. Сепак јас не знам која е целта, дали намерата е да им се помогне на нето-извозниците, а патем и на другите фирми? Лично имам резерва кон ваквите мерки, ова се нестандардни и селективни мерки, а кога со вакви инструменти поттикнувате одредени сектори тогаш по автоматизам други ги ставате во понеповолна позиција“ – смета Поповски. Инаку, гувернерот Богов објави дека воведува неконвенционални мерки што досега не биле пракса на НБРМ, а со кои треба да се поттикне кредитирањето. Пристапот до свеж капитал и поволни и евтини кредити беше еден од клучни проблеми со кои се соочуваа компаниите во годината што изминува. Притиснати од неликвидност, фирмите беа принудени да се задолжуваат со кредити за да обезбедат ликвидност наместо парите да ги користат во инвестициони процеси. Анета Додевска* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.