Благој Нацоски требал да помине по мостот кој се урна во Џенова
Објавено во: Македонија 14 Август, 2018
Познатиот оперски пејач Благој Нацоски, за Канал 5 раскажа дека речиси за влакно избегал тежок инцидент, за мостот кој денеска се урна во Џенова.
„Јас уште сум во шок, бидејќи по неколку часа по случката требаше да поминам токму по тој мост по кој досега имам поминато илјадници пати и не можам просто да верувам на тоа што го видов и што гледам. Тоа е мост што ја поврзува Џенова, пред сè со Милано, со Торино со Франција. Во овој период од годината поминуваат многу туристи, италијански, како и странски и е навистина со огромен сообраќај“ - вели тој.
Од мостот се урнале околу 200 метри, на висина од 100 метри паднале десетона возила, автомобили, камиони.