19 Декември, 2025
0.0584

Благоја Марковски: Безбедноста на “тенок лед”, мора да го надвладее разумот

Објавено во: Македонија 15 Март, 2017 09:46

Добивај вести на Viber

Политичката кризата во земјава  е пред ескалирање и  добива драматични предзнаци засилени со протестниот  повик за вонинституционален отпор и барањето на  виновници за преку националистичка и заканувачка реторика. На мета се новинарите, граѓаните, политичарите па дури и меѓународната заедница, само партиското кормило на ВМРО-ДПМНЕ да го скрие криминалот и да ја спаси кожата- вели за Фактор, Благоја Марковски, полковник во пензија и  воено-политички  аналитичар.

Протестите на движењето “За заедничка Македонија” кои според него  се користат како параван за борба за доброто на земјава, само дополнително ја подгреваат и онака чувствителната состојба која има тенденции да се влошува.

“Сметам дека состојбите можат да се влошуваат доколку политичките субјекти, а особено ВМРО-ДПМНЕ не излезе со јасен и прецизен  став дека  мандатот мирно треба да се предаде на лидерот на СДСМ, а  граѓаните да се повлечат од непотребните протести бидејќи никаде и со ништо не може да се оспори ниту суверенитетот ниту територијалниот интегритет и унитарноста”- објаснува Марковски.

Драматичната политичка состојба како што вели  дополнително  ја усложнува  службеното патување  на претседателот на државата Ѓорѓе Иванов кој во ек на најголемата политичка и институционална криза во историјата на земјата заминува на службен пат во Азербејџан. Иако неизвесноста се зголемува Иванов опстојува на ставот дека нема да го даде Мандатот за состав на нова влада.

“Треба да ни биде јасно дека претседателот Иванов уште на самиот почеток во постизборниот периос почна да ги нарушува уставните норми со доделувањето на мандатот на ВМРО-ДПМНЕ без да има конституирано Собрание односно собраниско мнозинство, а потоа продолжи со нарушување на уставните норми со тоа што и кога Заев излезе со 67 потписи на пратениците одби да го даде мандатот. Тој  се стави во улога на одбрана на ВМРО-ДПМНЕ, во функција  на одбрана на криминалот заради кој  имаше предвремени парламентарни избори. Од друга страна Иванов ја надополнува тензичноста на безбедносната состојба со тоа што одолговлекува да го додели мандатот што е негова обврска според уставните норми. Неговото службено патување надвор од земјата во ваков клучен момент е во рамките на чувствителноста на безбедносната состојба бидејќи заминува  кога во Македонија  нема избрано претседател на Собранието, кога имаме техничка влада со ограничени ингеренции, а знаеме дека во моментов тоа е единствената институција која може да функционира уставно и законски”- додава аналитичарот за безбедност.

Оттука според него сосема легитимно е прво да се одржи продолжението на конститутивната седница, на која ќе се избере претседател на Собранието, а потоа да продолжи постапката за гласање на нова влада. По завршувањето на седницата, новиот  претседател треба со допис да го информира претседателот Иванов, дека имаат мнозинство, кој пак има  законски определен рок да го даде мандатот.

“Неговото отсуство нема врска со активноста во  Собранието, напротив ако се договорат коалиционите партнери од собраниското мнозинство може да ја дозавршат седницата која беше почната на 30 декември и да се избере претседател. Согласно уставот тој автоматски би ја превзел функцијата да го заменува претседателот на државата и  може веднаш да го  додели мандатот на парламентарното мноозинство и да се гласа влада. Иако собранието може да го направи сето тоа, сепак тоа не би било полезно во оваа сложена политичко-безбедносна ситуација и верувам мнозинството мудро ќе го сработи и одигра тоа и нема да ја искористат можноста претседател на Собранието да го додели мандатот на Заев,туку ќе бидат трпеливи Иванов под меѓународен притисок да  се предомисли и да го додели мандатот. Тоа би било најполезно решение бидејќи покрај законските и уставните можности на претседателот на Собранието, во отсуство на претседателот на државата може да создадат тензии  па и проблем колку  и како биде легално реализирана таа активност ако мандатот не биде доделен од претседателот”-потенцира Марковски.

Вчадејачката ВМРО-ДПМНЕ,  како што вели воениот аналитичар бара начин и не бира средства по секоја цена да остане на позиција на власт.

Се користат сите механизми , калкулации , сега еве му нудат дури и  подршка на Заев СДСМ ако се откаже од платформата на Албанците. Сетоа тоа зборува за отворено дејствување на врхушката да остане на власт бидејќи сметаат дека тоа е единствениот начин да ја избегнат казната за криминалот кој го правеа сите овие години. Но се случува и  нешто многу посериозно, поопасно. Тие не водат сметка дека  за да си ја спасат кожата свесно ги втурнуваат граѓаните во потенцијална внатрешна граѓанска војна која може да биде проширена и како меѓуетничка војна со меѓусебни пресметки. Од зрелоста на политичките субјекти од мнозинството во Собранието и од зрелоста на граѓаните зависи менаџирањето на состојбата и да се држи под контрола гневот и револтот. Досега својата зрелост граѓаните ја докажаа повеќе пати. Се надевам дека ниту македонските граѓани, ниту  граѓаните  од албанско етничко потекло  нема да потклекнат на провокациите, а протестите дека ќе бидат изолирани за да нема последици од безбедносен карактер, бидејќи сите сакаат брз излез од кризата”- додава  воениот аналитичар.

Марковски очекува дека меѓународниот фактор ќе се насочи кон санкционирање на поединци и институции кои се огрешиле пред Уставот и законите и кои намерно ја продлабочуваат кризата. Притисокот според него следниов период се очекува да  биде поизразен и верува дека ќе даде резултат само  со смиреноста на граѓаните.

“Не треба да се заборави дека една од причините за влошената состојба е Албанската платформа и дека во неа има барања кои  придонесоа ВМРО-ДПМНЕ да ги втурне граѓаните во протести.Политичките партии на албанците по изнесувањето на предлог-програмата за Влада на Зоран Заев ретерираат во  барањата и ставовите. Очекувам дека целосно ќе ја прифатат предложената програма,  а прашањата ќе  се дискутираат по добивање на мандатот во новата влада. Потребен  е сериозен  дијалог со вклучување на експертската јавност. Мислам дека зрелоста ќе надвадее, и нема да дојде до меѓуетничка или меѓупартиска војна помеѓу подржувачите на левицата и десницата. СДСМ и коалициските партнери од предизборното милје  ја контролираат  состојбата меѓу своето членство  и подржувачите и тие се повеќе ќе добиваат подршка и  од граѓаните  кои не се нивни членови. Сметам дека единствено решение се  почитувањето на Уставот и  законите кои  се на страна на парламентарното мнозинство за формирање на  Собрание и  влада”- завршува Марковски. 

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица