БЛАГОРОДНИОТ МЕТАЛ УРИВА РЕКОРДИ: „Златна треска“ го тресе светот
Објавено во: Економија, Корона Вирус 27 Јули, 2020
Светот се соочува со „златна треска“.
Унца злато веќе чини повеќе од 1.900 долари, што е за 30 отсто повеќе отколку за време на превирањата на финансиските берзи во март.
Деновиве расте цената на златото и на среброто. На ова влијаеше и ослабениот долар и сѐ поголемиот број на заразени со коронавирусот.
ETF фондовите кои во своите портфолија имаат злато, добиваат на вредност веќе 18 недели. Ова е најдолга серија од 2006 година наваму.
Зголемената побарувачка за скапоцени метали, поради влошените дипломатски односи меѓу Кина и САД доведе до зголемен раст на цената на златото кое на денешното тргување ги сруши сите ценовни рекордиСега златото се тргува по цена од 1.943 долари што е зголемување за 1,6 отсто.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.