Добивај вести на Viber
За повеќе од 20 проценти се зголемил бројот на шпански компании кои поднеле барање за стечај во првиот квартал од оваа година.
Причина за тоа е длабоката рецесија која се посилно ја уништува четвртата по големина економија во еврозоната.
Барање за стечај во првиот квартал поднеле 2.854 компании, што е за 22,8 проценти повеќе во однос на истиот пeриод од 2012 година, и за 10,4 проценти повеќе во однос на претходниот квартал, соопшти Националниот институт за статистика, пренесува агенцијата Франс Прес.
Една четвртина од компаниите кои поднеле барање за стечај е од градежниот сектор, 17,1 проценти од комерцијалниот сектор, а 16,3 проценти од индустрискиот и енергетскиот сектор, се вели во соопштението на Институтот.
Меѓу компаниите кои банкротирале е и шпанската компанија за продажба на недвижнини „Reyal Urbis“, која има долг од 3,6 милијарди евра, како и организаторите на годишниот избор на Мис Шпанија, компанијата „Certamen miss Espana“.
Шпанија сеуште има проблеми со надминувањето на периодот во кој се појавија проблеми со недвижнините во 2008 година.
Во оваа земја во текот на минатата година беа регистрирани 8.726 банкроти, што е за 27,1 проценти повеќе во однос на 2011 година.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.