Блумберг и Фајненшал Тајмс
Објавено во: Анализа, Свет 17 Декември, 2012 09:00
Инаку Фајненшал Тајмс е во соптвеност на компанијата Парсонс, која во последните финасиски резулати не објави посебни податоци за весникот. Парсонс е најголемиот издавач во светот која има годишен приход од околу 8 милијарди евра. Сепак најверојатно е дека весникот генерира загуби. Во моментов имаат 600.000 претплатници од кои 300.000 се на онлајн изданието. И тука е големиот проблем, иако се потребни печатените изданија никако да на најдат модел на функционирање со кој ќе ги придобијат огласувачите. Нема никава дилема дека анализите и коментарите на новинарите некаде ќе мора да се појавуваат и дека на крајот на краиштата некој ќе мора да плати за нив, но во моментов се чини дека печатот навистина е во сериозна криза.
Печатените изданија се во позиција на радиото кога дошла телевизијата. Веројатно нема да умрат како некои велат, но секако ќе бидат помаргинализирани. Од друга страна содржината на интернетот во таков случај несомнено ќе стане поскапа. Како што напишавме погоре, содржината не може да биде постојано бесплатна.
Токму поради овие причини во компанијата на Блумберг има неколку струи околу неговата одлука да влезе во трката за ФТ. Весникот патем речено се проценува на износ од 1,2 милијарди долари и имајќи ги во предвид парите со кои Блумберг располага, ова не би требало да биде некој проблем за нив. Сепак постојат притисоци да се оди во аквизиции на нови медиуми, пред се на интернет медиуми како на пример Линкдин (поради потенцијалот кој го нуди), наместо на вакви стари изданија кои генерираат загуби.
Сепак имајќи во предвид дека Блумберг контролира 90% од неговата компанија, одлуката дали да се купи ФТ ќе биде исклучиво негова.
Редакција Фактор
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





