06 Декември, 2025
0.0390

50 години страст, на патот и на сцената

BMW Серија 3 и Влатко Стефановски заеднички го одбележаа петдеценискиот јубилеј

Објавено во: Мои пари 08 Јули, 2025 18:02

Добивај вести на Viber

„50 години, две легенди“ е искрена и симболична приказна за едно старо пријателство што продолжува со нова енергија. Две различни, но длабоко слични патувања – едното на сцената, другото на патот – повторно се сретнуваат, заеднички славејќи половина век посветеност, автентичност и бескомпромисен квалитет.

Во чест на петдеценискиот јубилеј – 50 години од појавувањето на BMW Серија 3 и 50 години од музичката кариера на Влатко Стефановски, M Кар BMW Македонија и Влатко Стефановски го одбележаа своето долгогодишно пријателство и доверба.

Во 2019 година, Влатко создаде автентично звучно лого инспирирано од BMW Серија 3, а денес, неколку години подоцна, оваа уметничка поврзаност добива нова форма – BMW Серија 3 Touring станува негов секојдневен придружник на претстојните патувања низ светот.

Во своето обраќање, Стефановски ја сподели својата лична приказна за поврзаноста со BMW, искуството со М Кар и важноста на квалитетниот автомобил во животот на еден музичар.

„Во 2018 година, за првпат земав BMW и од тој момент почна нашата соработка со М Кар. Искрено, се заинтересирав не само за автомобилите, туку и за целата компанија и луѓето што работат таму. Оттогаш, па сѐ до денес – навистина немам никаква забелешка, ни на автомобилите, ни на односот, ни на поддршката што ја добивам.

Ние музичарите имаме свои опсесии – мојата прва е музиката и гитарите, а втората – автомобилите и превозот. Многу е важно да се возиш во безбеден, сигурен и квалитетен автомобил, особено кога патуваш низ регионот или Европа. Откако почнав да возам BMW, станав свесен што значи вистинско искуство во возењето – тоа не е само начин да се стигне од точка А до точка Б, туку привилегија и уживање во секој километар“, истакна Стафановски.

Генералниот директор на „BMW М Кар Македонија“, Марко Јовановски, ја нагласи симболиката на заедничката соработка со Влатко Стефановски и значењето на јубилејните приказни што се спојуваат во една целина.

„Нашето старо пријателство со Влатко денес добива ново поглавје. Цениме дека 50 години од музичката кариера на гитарскиот виртуоз и 50 години од најуспешната BMW Серија 3 заслужуваат заедничка приказна. Овие јубилеи се основа за потсетување на едно емотивно патување низ пет децении – и на сцената, и зад управувачот. Патување што покажува дека квалитетот, страста и посветеноста се вредности што траат – и во автомобилската индустрија, и во музиката.

Годинава одбележуваме уште еден значаен јубилеј – 10 години континуирано присуство и успех на „BMW М Кар Македонија“ како официјален застапник на BMW и MINI. Нашето лојално BMW семејство постојано расте, а еден од најдрагоцените успеси е токму оваа посебна соработка со Влатко. Од 2018 година Влатко е дел од нашата BMW фамилија, а денес со задоволство ја објавуваме новата етапа од тоа пријателство – каде тој повторно ќе ги освојува сцените со BMW Серија 3 Touring како свој верен сопатник“, изјави Јовановски.

BMW Серија 3 е најдобро продаваната линија на BMW чија продажба акумулира околу 30% од годишната продажба на BMW возила на глобално ниво. Досега се продадени повеќе од 16 милиони примероци од BMW Серија 3 ширум светот, што ја прави најпродаваниот модел во историјата на BMW. Истата успешна приказна продолжува и во Македонија, каде BMW Серија 3 е убедливо лидер во својата класа за 2024 година.

BMW Серија 3 – од самиот почеток до денес – е повеќе од автомобил: таа е срцето на брендот, симбол на континуитет, страст и препознатлива динамика.

„Уште од 1975 година, кога моделот E21 првпат се појави на патиштата, BMW Серија 3 стана синоним за задоволство во возењето и еден од темелите на успехот на брендот BMW. Во текот на пет децении, оваа иконична спортска лимузина постојано го преосмислуваше концептот на динамично возење, поставувајќи нови стандарди за перформанси и носејќи насмевки на лицата на милиони возачи ширум светот. BMW Серија 3 не е само автомобил, таа е ДНК-то на брендот - дел од историјата, од суштината, од културата на возење и од иднината на премиум сегментот сегментот во средна класа. Преку седум генерации, таа стана симбол на перформанси, иновација и стил кој не излегува од мода. За таа цел подготвивме и специјална ретроспективна мини-изложба со седум легендарни изведби од Серија 3 – по една од секоја генерација, за да се потсетиме од каде почнавме и каде сме денес“, истакна Билјана Колемишевска, одговорна за маркетинг комуникации и односи со јавност во М Кар BMW Македонија.

Во рамки на јубилејната година, компанијата М Кар BMW Македонија спроведува специјална кампања – подарок опрема во вредност од 10.000 евра за купувачите на BMW Серија 3, како дел од прославата на 50 години BMW Серија 3 и 10 години посветеност на македонскиот пазар.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј