19 Декември, 2025
0.1622

Боби Кристина Браун ја изгуби битката: Почина ќерката на Витни Хјустон

Објавено во: Стил 27 Јули, 2015 10:57

Добивај вести на Viber

На 22-годишна возраст почина Боби Кристина Браун која беше долго време во кома , единствената ќерка на америанската пејачка и актерка Витни Хјустон.

„Таа конечно доби вечен покој во прегратките на Господ“, изјавиле роднините во соопштението, цитирано од интернет-портал „Ентертеинмент тунаит онлајн“.

Боби Кристина Браун беше најдена во несвест на 31 јануари во када со вода. Таа беше однесена во болница во Атланта, каде што лекарите ја вовлекоа во вештачка кома, во обид да го спасат нејзиниот живот. Потоа нејзината состојба се влоши и таа беше префрлена во клиника, каде што се чуваат безнадежно болни. Тогаш телевизија „Фокс“ тврдеше дека пациентката се наоѓала „во вегетативна состојба“.

Нејзината славна мајка беше пронајдена мртва во када во хотелската соба во февруари 2012 година. Според истрагата Витни Хјустон, носителката на 6 музички награди „Греми“, починала од акутна срцева болест по употреба на кокаин. Татко на Боби Кристина е познатиот музичар Боби Браун.

Можеби ќе ве интересира

Тивки херои го накитија Водно: Внесоа празнична магија во природата

Тивки херои го накитија Водно: Внесоа празнична магија во природата

Се отвораат казина на секој чекор, младите кои сакаат кино култура немаат каде да гледаат филмови: Скопје веќе 8 месеци е без градско кино

Се отвораат казина на секој чекор, младите кои сакаат кино култура немаат каде да гледаат филмови: Скопје веќе 8 месеци е без градско кино

Сведоштво на Викторија Сребренова за трагедијата во „Пулс“: Заглавена во толпата со скршеници и изгореници, го слушав гласот што ме одржа жива, издржи, не предавај се

Сведоштво на Викторија Сребренова за трагедијата во „Пулс“: Заглавена во толпата со скршеници и изгореници, го слушав гласот што ме одржа жива, издржи, не предавај се