Бочварски: Вработувањето на сопругата како докторка е според закон
Објавено во: Македонија 03 Октомври, 2022 07:00
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вели дека се е според закон тоа што неодамна неговата сопруга и нејзината сестра се вработиле како докторки во клиничката болница во Штип.
Бочварски синоќа во емисијата „КликПлус“ на ТВ21 посочи дека секој граѓанин во државава треба да биде еднаков пред законот и да си ги остварува своите права и можности кои што ги нуди законот.
„Законот е јасен, доколку постапката е спроведена согласно закон секој има право да, согласно своето образование и професионални карактеристики, работи на одредени работни позиции. Доколку е запазен законот јас не гледам ништо спорно“, вели Бочварски.
ВМРО-ДПМНЕ го обвини Бочварски дека во јуни, еден месец по нивната брачна регистрација, неговатасопруга добива работа во штипската болница во ист ден заедно со неговата сестра.
Маринела Серафимова и нејзината сестра Мартина Серафимова во оваа болница се вработени, според ВМРО-ДПМНЕ, по неполни три месеци стаж во приватна здравствена установа како општи докторки на специјалистички оддели на Интерна и на Педијатрија во Клиничката болница Штип, со дозвола на директорот на болницата, Ален Ѓорѓие, без објавен оглас.
Свадвената веселба на Бочварски и неговата сопруга се одржа изминатата недела.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




