БОДОВИ, ДОДАТОЦИ ДО 35 ОТСТО, ПАРИ ЗА ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА - со закон ќе се зголемуваат платите во Агенцијата за разузнавање
Објавено во: Македонија 05 Јануари, 2021
Ќе се зголемуваат платите на вработените во Агенцијата за разузнавање. Исто така, кога вработените во таа Агенција ќе се пензионираат, ќе добиваат по пет отпремнини, наместо по две како досега.
Всушност, за таа институција, која е под капата на претседателот Стево Пендаровски, ќе се донесе нов закон, за кој предлогот е веќе во собраниска процедура, и ќе се носи по скратена постапка.
За новиот закон за Агенцијата за разузнавање, Владата, која е предлагач, образложува дека треба да се донесе од причина што сегашното законско решение споед кое Агенцијата функционира е застарено и датира уште од 1995 година, а со него не се јасно поделени ниту задачите меѓу оваа и сродната агенција - АНБ. Целта е да се направи модерна агенција, чија цел ќе биде да прибира податоци од странство битни за безбедноста на државата, објаснуваат од Влдата.
Но, како што нагласуваат, со новиот закон ќе се зголемат и платите на вработените во Агенцијата за разузнавање, кои досега биле онеправдани во однос на однос на оние во агенциите ОТА и АНБ, кои се формирани во поновиов период.
Инаку, надлежност на Агенцијата за разузнавање е да собира разузнавачки информации за закани и ризици за земјава од странство, како што се геополитичкото ривалство, регионалните безбедносно-стратешки појави, внатрешните и меѓународните конфликти, оружје за масовно уништување, тероризамот и насилниот екстремизам, илегална миграција, сајбер закани, енергетската безбедност, но и заканата од КОВИД-19 во поново време.
Од Владата објаснуваат дека до донесувањето на законот за Оперативно-техничката агенција, во април 2018 година и законот за Агенцијата на национална безбедност во мај 2019, Агенцијата за разузнавање беше единствена институција од областа на безбедноста, формирана со закон од 1995 година. Сега со реформите треба да се донесе нов закон, односно целта е Агенцијата да се развие во модерна, стабилна и професионална служба, согласно ЕУ и НАТО стандардите.
Законот бил изготвен од Работна група во рамките на Агенцијата за разузнавање, во консултација со партнерски служби и експерти од областа.
„Целта на Законот за Агенција за разузнавање е да се направи јасна дистинкција меѓу АНБ чија надлежност се поклопува со надлежноста на Агенција за разузнавање, согласно постојниот закон. Во новиот закон за Агенцијата за разузнавање, јасно е дефинирана надлежноста на Агенцијата - да собира, обработува, анализира, разменува, чува и штити податоци и информации од странство, кои се од значење за безбедноста, одбраната и надворешно-политичките интереси на земјава“, велат од Владата.
А, она што е битно, е дека со донесување на новиот закон се отвора можноста вработените во Агенцијата за разузнавање, по однос на платите и пензионирањето да добијат рамноправни права со вработените во соодветните безбедносни служби од АНБ и МВР.
„Тоа ќе придонесе поголем број од возрасниот кадар од АР да се пензионира и да се отворат можности за вработување на млад и стручен кадар“, се вели во владиното образложение.
Во досегашниот закон, платите на вработените
не беа вреднувани ниту со бодови ниту по работно ниво. За да се изедначи
Агенцијата со сродните безбедносни служби по однос на платите, во новиот закон
се предлага бодови за секое работно место согласно класификацијата на работните
места.
„Зголемувањето на платите позитивно ќе влијае врз работата на Агенцијата во целост, а посебно на вработените кои на овој начин би биле во рамноправна положба со плати како и вработените од другите сродни безбедносни служби. Финансиски импликации ќе предизвикаат и исплата на отпремнините по однос на пензионирањето на вработените, при што се предвидени пет отпремнини, исто како во АНБ и МВР, а досега се исплаќани само по две отпремнини“, потенцираат од Владата.
Оттаму нагласуваат и дека од формирањето на Агенцијата за разузнавање, платите на вработените останале на исто ниво, за разлика од платите на вработените на другите сродни безбедносни служби. Освен законските покачувања, два пати од 5 отсто, од 1998 година досега, платите на овие вработени не биле покачени.
Законот ќе оди по скратена постапка,
биејќи не бил во прашање сложен и обемен закон.
Инаку, во Законот стои дека за работните места во Агенцијата се утврдуваат бодови за основна плата и тоа за категоријата раководни работници - за помошник на директор 1.600 бода, за директор на организиска единица 1.500 бода, за раководител на сектор во организациска единица 1300 бода, за раководител на одделение во организациска единица 1.150 бода. За категоријата советодавни работници односно советник на дректорот се предвидени 1.250 бода.
За вработени со високо образование ќе има од 800 до 1.000 бодови, а со средно од 500 до 700 бода.
Вредноста на бодот за пресметување на основната плата за работните места во Агенцијата ја утврдува Владата на предлог на директорот.
Покрај ова, предвидено е зголемување на износот на средствата наменети за плата за 20, отсто, 30, односно 35 отсто.
„Поради видот, природата и сложеноста на работите што се извршуваат, како и поради тежината на работите и посебните услови под кои тие се извршуваат, на вработените, основната плата се зголемува за: 35 отсто за вработени кои извршуваат оперативно-разузнавачки работи, оперативни работи и колектори; 30 отсто за вработени кои извршуваат аналитички работи, соработници и помошно технички работи; и 20 отсто за вработени кои извршуваат работи за одржување на објекти и хигиеничарски работи“, се вели во предлог законот.
Ќе има и додаток за работна успешност, кој ќе се определува во процентуален износ во висина до 15 отст од основната компонента на месечната плата на вработениот. Се предвидува и работен додаток на плата, за ноќна работа, работа во недела, работа за време на празници утврдени со закон и работа во смени. Исто така, за овие вработени ќе има вонреден додаток на плата, за прекувремена работа.
Инаку, според буџетот за 2020 година, Агенцијата за разузнавање има вкупно 246 вработени, а нејзиниот вкупен буџет бил 247 милиони денари.
Нина Нинеска-Фиданоска* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.