Добивај вести на Viber
Официјално ФИФА, која е со седиште во Цирих, е непрофитна според швајцарскиот закон. Всушност истрагата во последните денови поради сомневања за корупција покажаа дека светска фудбалска организација е бизнис за неколку милијарди долари.
Само резервите, со кои располага ФИФА, се импресивни: на крајот на 2014 година тие се во износ од 1,52 милијарди долари. Дури во 2007 година резервите не беа ниту половина на ова ниво. Според статутот на ФИФА приходите и расходите треба да се балансираат, но исто така организацијата има право да создава резерви за да се "обезбеди идното спроведување на најважните задачи". ФИФА ги оправдува високите резерви во својот финансиски извештај со високата економска зависност од Светското првенство и "фактот дека овој голем настан едвај може да се осигура кај некој неуспех".
Постојаното зголемување на резервите ФИФА го финансира од нето добивката. Таа варира, се разбира, понекогаш доста силно и со текот на годините, кога се одржува Светско првенство, достигнува особено високи вредности, за последно во 2006, 2010 и 2014 година. Неодамнешното Светско првенство во Бразил беше "огромен успех", пишува ФИФА во излагањето . Општо земено турнирот чини 2,22 милијарди долари и на тој начин - повеќе од претходно очекуваното во буџетот. Но тоа се компензира од вкупните приходи од 4,83 милијарди долари. Само телевизиските права се речиси половина од оваа сума.
Во секој случај, приходите од телевизиските и маркетинг права во последниве години се зголемуваат стабилно. Една промена во т.н. права за продажба на билети исто така доведе до скок во приходите, како што покажува споредбата на 2013 година и 2014 година. Претходно приходите од правата за продажбата на билети се влеваа во релевантните локални организациски комитети, а сега - во ФИФА.
ФИФА, која ги презентира своите финансиски извештаи на секои четири години, потенцира дека таа, исто така инвестира во фудбалот: Во последниот период 2011-2014 година биле вложени 1,05 милијарди долари во проекти за развој на фудбалот, додека во периодот 2007 -2010 година сумата била само 794 милиони долари. Вкупно 72% од вкупните трошоци се директно вгнездени во фудбалот, пишува во финансиските извештаи.
Во моментов здружението е потресено од најголемиот корупциски скандал во историјата. Истрагите во САД и Швајцарија се под сомнение дека при доделувањето на светски првенства функционери добиле мито. Непосредно пред неодамнешниот конгрес на ФИФА во Цирих беа уапсени неколку високи функционери, а седиштето на организацијата беше претресено. Во вторникот вечер долгогодишниот претседателот на ФИФА Сеп Блатер ја објави својата оставка.

K.K.