БОГАТИ А ХУМАНИ: Милијардери кои донираат најмногу пари
Објавено во: Финансии 05 Октомври, 2017 20:10
Богатите луѓе одделуваат многу пари на социјални иницијативи и добротворни организации. Примери во овој поглед се двајца од најпознатите претприемачи во светот - Бил Гејтс и Ворен Бафет. И двајцата активно донираат како дел од обврската „ Giving Pledge“
Списание The Chronicle of Philanthropy го претстави во септември својот извештај "Philanthropy 50", посветен на донирање. Во него, исто така, се сместени најголемите донатори во САД од 2000 година.
Резултатите едвај изненадиле многумина кои следат вести и знаат дека најбогатите милијардери се меѓу најголемите донатори.
А сепак, првото место може и да ве изненади, бидејќи на него не е најбогатиот човек на светот Бил Гејтс.
Основачот на Мајкрософт останува на втората позиција. Донирал 22% од своето богатство, или 18 милијарди долари.
Број еден во ранг-листата е Ворен Бафет. Легендарниот инвеститор донирал повеќе од двапати повеќе - 46 милијарди долари, што е 71% од целото негово богатство.
Трето место е поранешниот градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг, кој донирал 10 отсто од своето богатство или 4,5 милијарди долари.
Ако се прашувате кој е последниот на листата, тогаш тоа е, исто така, еден од најбогатите луѓе на планетата - основачот и извршниот директор на Амазон, Џеф Безос. Засега донирал само 0,1% од своето лично богатство.
Но, веројатно оваа сума ќе порасне многу наскоро, бидејќи неодамна Безос објави анкета на својот профил на Твитер, прашувајќи што ќе го советуваат каде да донира дел од неговата вредност од над 80 милијарди долари.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите
Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција





