26 Ноември, 2024
0.1319

БОГАТИ ЗАМЕНИЦИ: Назим Буши има куќа од три милиони евра во Скопје, Агим Нухии имот во Теарце и големи заштеди

Објавено во: Македонија 28 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Новиот заменик министер за внатрешни работи Назим Буши е меѓу побогатите заменици кои ги именуваше Владата. 

Тој има семејна куќа во Скопје вредна дури три милиони евра, иако за воља на встината, во неговиот анкетен лист пишува дека е имот на неговите родители. 

Како што се наведува во Анкетниот лист на Буши, кој го објави Државната комисија за спречување на корупцијата, меѓу другиот недвижен имот, тој ја има и оваа вредна куќа, од 760 метри квадратни, која, како што е наведено, е стекната со наследство. Вреди 184.500.000 денари, или точно три милиони евра. 

Како што е познато, Назим Буши стана заменик министер за внатрешни работи на предлог на ДУИ, а во неговата биографија, меѓу другото, е наведено дека од 2010 до 2017 година е потпретседател на Одборот на директори на Македонски телеком, од 2017 година е главен оперативен директор на компанијата, а од 2018 година е претседател на Одборот на директори на Македонски телеком. 

Покрај вредната куќа на родителите, Назим Буши има и земјиште во Скопје од 800 метри квадратни, исто на родителите, вредно 80 илјади евра.

Од друг имот новиот заменик министер за внатрешни пријавил моторно возило Ауди како имот на деца, како и плата од 50.000 денари за 2020 и 1.230.000 денари за 2019 година, исто на неговите деца.

Назим Буши има и кредит од 180.000 денари.

Неговиот колега, пак, кого всушност го наследи од заменичкото место во МВР, Агим Нухии, а тој отиде да биде заменик во ресорот за правда, има голем имот во тетовското село Теарце. 

И сето тоа е во делот имот на родители. Еве по редослед што има Нухии:

Прво, двор во Теарце од 1.110 метри квадратни, вреден 88 илјади евра, па земјоделско земјиште од 6.000 метри квадратни вредно 15 илјади евра. Нухии, односно неговите родители, поседуваат и куќа во Теарце од 180 метри квадратни, која е проценета на 100 илјади евра, а има и куќа за одмор од две илјади евра.

Нихии поседува и моторни возила од 246 илјади денари, сезонски земјоделски приходи од 90 илјади денари, една плата од 70 илјади денари и друга од 25 илјади денари, хонорари од 50 илјади денари и од 40 илјади денари.

А Нухии како имот на родители пријавил и големи семејни заштеди, и тоа денарска штедана книшка од 800 илјади денари, како и семејна заштеда од 2.371.555, при што не пишува дали станува збор овде за денари, долари или евра.

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) БЕБЕТО ПЕТАР ГО ДОНЕСЕ НА СВЕТ НАЈВОЗРАСНАТА ПРВОРОТКА ВО ЗЕМЈАВА: „Медицината поместува граници“

(ВИДЕО) БЕБЕТО ПЕТАР ГО ДОНЕСЕ НА СВЕТ НАЈВОЗРАСНАТА ПРВОРОТКА ВО ЗЕМЈАВА: „Медицината поместува граници“

ДАНЕЛА НЕМА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ: Еве што рече таа во изјава за медиумите

ДАНЕЛА НЕМА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ: Еве што рече таа во изјава за медиумите

ЦИГАРИ, НАКИТ, ОБЛЕКА, ПАРФЕМИ - Цариниците со полни раце работа, спречен и шверц на мигранти

ЦИГАРИ, НАКИТ, ОБЛЕКА, ПАРФЕМИ - Цариниците со полни раце работа, спречен и шверц на мигранти

Крмов со објаснување: Му го навредија семејството на Апасиев, ова е втор инцидент со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

Крмов со објаснување: Му го навредија семејството на Апасиев, ова е втор инцидент со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ХРАМОТ НА ПЛАОШНИК ДО КРАЈОТ НА ВЕЧЕРНАТА СЛУЖБА: Верниците се простуваат од Владиката

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ХРАМОТ НА ПЛАОШНИК ДО КРАЈОТ НА ВЕЧЕРНАТА СЛУЖБА: Верниците се простуваат од Владиката

Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје

Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!