Богатите во Аргентина ќе плаќаат ковид данок
Објавено во: Економија, Корона Вирус 30 Јануари, 2021
Во Аргентина е воведен ковид данок за милионери.
Аргентинците со имот од над 2,3 милиони долари, а се проценува дека ги има околу 12.000, ќе треба да платат сума од околу три проценти за пријавениот имот во земјата и над пет проценти за имотот што го имаат во странство, пренесува Би-Би-Си. Од денеска стапува на сила одлука за воведување еднократен данок за најбогатите луѓе за да и се помогне на државата да плаќа медицински материјали и да обезбеди стимулации за компаниите кои се во криза поради пандемијата со Ковид-19.
Владата ќе собере околу три милијарди долари, а парите ќе помогнат и за финансирање стипендии и социјална помош. Аргентинскиот Сенат во декември, со 42 гласа „за“ и 26 „против“, донесе одлука за еднократен данок, наречен „данок на милионери“, како дел од мерките за справување со пандемијата.
Во Аргентина има над 47.000 починати од коронавирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.