Богатството на Џеф Безос надмина 100 милијарди долари по Black Friday
Објавено во: Финансии 25 Ноември, 2017 10:40
Богатството на највлијателниот човек во светот, Џеф Безос, достигна нето вредност од 100 милијарди долари. Ова се случи по вчерашната потрошувачка еуфорија за време на Black Friday, која доведе до рекорден скок на цената на акциите на Amazon.
Во нивната опсесија со црниот петок, Американците потрошиле 1,5 милијарди долари само на интернет.
Како резултат на тоа, акциите на електронскиот гигант во петокот се зголемија за 2,6%, од кои секојa aкција се тргуваше за 1,186 долари. Ова доведе до логично зголемување на богатството на основачот на Амазон.
Состојбата на Безос се зголеми за 2,4 милијарди долари и за првпат достигна ниво од 100,3 милијарди долари. Во моментов тој е единствената личност во светот со богатство од над 100 милијарди долари.
Безос поседува 78.9 милиони акции од електронскиот гигант за трговија и технологија Amazon, покажуваат податоците на Комисијата за хартии од вредност и берзи во ноември. Ова е приближно 16% од акциите на компанијата, во вкупна вредност од 93,6 милијарди долари.
Другиот дел од богатството на Безос доаѓа од инвестирање во други компании. Тој, на пример, е сопственик на космичката Blue Origin, како и престижниот The Washington Post.
Безос стана најбогат човек во светот во октомври, кога трајно го измести од листата долгогодишниот лидер по овој показател Бил Гејтс.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите
Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција





