Богданов: Довчерашните сопартијци беа жигосани бидејќи решиле да гласаат по сопствено убедување
Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2018 20:51
Одлуката донесена од страна на присутните членови на вонредниот состанок на Извршниот Комитет на ВМРО ДПМНЕ, за исклучување од партија на нашите пратеници кои гласаа во Собранието за потребата од пристапување кон измени на Уставот и расправање по уставните амандмани, за жал, сите нас нè врати во едно не толку дамнешно време чија главна одлика беше недостатокот од внатрепартиски демократски капацитет и толеранција кон различниот став, вели за Фактор, Костадин Богданов, член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ.
„Оваа одлика можеби е својствена за крајно десничарските националистички партии со автократски елементи, но истата не е карактерна црта на модерните народни партии кон кои ВМРО ДПМНЕ се стреми. Дополнително, не можам, а да не изразам загриженост и разочарување за начинот на кој довчерашните сопартијци беа жигосани во и вон Собранието, и тоа од единствена причина, бидејќи решиле да гласаат по сопствено убедување за едно натпартиско прашање со историски димензии. Сметам дека најмалку што може и треба партијата да направи во овој момент за нив, е јавно да се огради и да го осуди целиот говор на омрaза кој се шири по социјалните мрежи, а е насочен директно кон нив и кон нивните семејства. На тој начин партијата ќе покаже елементарно чувство кон сериозноста на состојбата во која пратениците беа театрално доведени“, вели Богданов.
Според него, ВМРО ДПМНЕ мора да биде европска и демократска народна партија.
Можеби ќе ве интересира
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан




