20 Декември, 2025
0.0397

Богоевски: Ако најдете доказ за федерализација од Заев ќе се откажам од изборите

Објавено во: Македонија 27 Ноември, 2016 14:50

Добивај вести на Viber

Павле Богоевски посочи дека доколку некој му даде реален доказ дека Зоран Заев заговара федерализација и двојазичност на Македонија тој веднаш ќе се откаже од изборите. Исто така смета дека општеството е премногу поделено, власта води безобразна црна кампања со нагласување на национализам, но всушност сака само да се спаси од своите криминали и да не одговара за истите.

„Доколку некој ми покаже видео, или автентичен цитат каде Зоран Заев вели дека ќе воведе двојазичност и ќе го промени Уставот, или дека ќе ја федерализира Македонија (како што груевски тврди), јас ќе се повлечам од кандидатурата уште сега! Ама овде не говориме за извртените и манипулативни тези на криминалните медиумски мегафони на дпмне, туку за реална изјава“ пишува Богоевски.

Кандидато за пратеник вели и дека нашата држава веќе има еден вид на „федерализација“ благодарение на поделбите кои ги направи власта на Груевски и Ахмети.

„Реалноста е дека таквите глупости веќе не поминуваат кај нас. Дури и неговите поддржувачи се се’ помалубројни на нивните митинзи. Тој се заканува дека ќе воведеме двојазичност и федерализација. Употребата на јазикот е веќе дефинирана со Закон од 2009-та година, кој го донесоа тој и ахмети во договор зад затворени врати. Кога беа објавени матерјалите од WikiLeaks, цел свет го виде тоа. Добро де, цел свет освен сител, канал5, алфа, република и курир. Исто како што не видоа кога човек им умре идејќи на митинг, а неговите сопартијци го оставија телото покрај пат, не закајќи да задоцнат за обраќањето на фирерот. А што се однесува до унитарноста на нашата држава, таа постои само на хартија. груевски и ахмети веќе ја федерализираа Македонија. Македонците, Албанците, Турците, Србите, Бошљаците и Ромите во Македонија си имаат посебни делови од градовите, посебни кафиќи, посебни правила, посебни училишта и паралелки. Посебни радија и телевизии. Ние сме ПОДЕЛЕНО ОПШТЕСТВО и тоа е факт, заклучи Богоевски.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки