Богоевски на суд, Ахмети и Џафери го тужат за клевета
Објавено во: Македонија 31 Октомври, 2016
Екс разузнавачот Слободан Богоески денеска ќе се појави во граѓанскиот суд, откако претходно Али Ахмети и Муса Џафери му најавија тужби за граѓанска одговорност, за неговиот исказ во њујоршкиот суд, според кој на актуелни и поранешни функционери во 2005 година им било исплатено мито за случајот „Маѓар телеком”.
Ахмети и Џафери го тужат за клевета. Според сведочењето на Богоевски, Ахмети и Џафери примиле мито по 2,5 милиони евра.
Богоевски за исказот вели дека го дал во судска постапка за претставниците на американската Комисија за хартии од вредност и Њујоршкиот Суд. Тој кажа дека имал налог за заштита и обврска за молчење, се додека не заврши постапката за случајот „Маѓар Телеком“.
Богоевски минатата недела имаше интервју на Телма во кое обелодени многу информации за врвот на ВМРО-ДПМНЕ.