Богојески: Мицкоски треба да го разреши Груевски од позицијата почесен претседател
Објавено во: Македонија 30 Октомври, 2018 21:05
Лидерот Христијан Мицкоски треба да го разреши Никола Груевски од позицијата почесен претседател, вели поранешниот заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Петар Богојески, за „ Лидер”.
Смета дека е потребна промена на Статутот на ВМРО ДПМНЕ, во насока на негово суштинско демократизирање, а не шминка.
„Една од главните точки на сопирање во соработката со Статутарната комисија на ВМРО-ДПМНЕ при изработка на новиот Статут, беше и остана нашиот предлог, секој функционер на партијата, кој ќе биде правосилно осуден за кривично дело со кое се нарушува неговата чест и углед, а со тоа и на партијата, да биде разрешен од функцијата, па дури и исклучен од членство во истата. Во таа насока, како знак на почеток на практикување на европските принципи и вредности, му предлагам на претседателот Христијан Мицкоски, да побара од Никола Груевски неотповикливо да се повлече од местото почесен претседател на ВМРО ДПМНЕ или да биде разрешен“, вели Богојески.
Богојески е задоволен што заложбите на внатрепартиската иницијатива за реформи на ВМРО ДПМНЕ стануваат агенда на многу функционери.
Можеби ќе ве интересира
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив




