18 Декември, 2025
0.0569

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Објавено во: Македонија 20 Јули, 2025 13:50

Добивај вести на Viber

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од позицијата директор на НА, поради други професионални ангажмани, а во тек е законска постапка за избор на нов директор во координација со Европската Комисија. Се до изборот на ново лице и примопредавање на обврските, јас целосно ги извршувам сите законски должности, реагира Петар Богојески, кој е во посета на САД, како директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

„Посетата на САД од делегација на НА е планирана пред два месеци, истата нема врска со приватни средби или активности! Учествуваме на 19тиот Меѓународен самит за човекови права, кој се одржува во седиштето на Обединетите Нации во Њујорк. Македонската делегација има инспиративни излагања и учество покрај низа угледни личности, образовни работници и активисти за човекови права од целиот свет. Најзначајните моменти вклучуваат работилница за лидерство за младински активисти, образовни работници и др. преку можности за вмрежување со поединци и организации посветени на унапредување на човековите права низ целиот свет. Овие самити претставуваат моќна платформа за обединување на млади од целиот свет, негувајќи дух на соработка и заедничка цел. Минатите самити беа почестени со присуство на добитници на Нобелова награда за мир, како претседателот Жозе Рамуш-Орта, претседателот Оскар Аријас Санчез и надбискупот Дезмонд Туту – инспирирајќи нова генерација лидери. Повеќе од 50 национални делегации од различни земји се приклучени на ова глобално движење, а од овој самит и Република Македонија“, вели Богојески.
Тој по два и пол месеци директорување, најави дека си заминува од Националната агенција, за да оди на друга позиција.
„Договорена е прераспределба на позиции и институции кои ќе ги раководи Македонски Концепт во рамки на извршната власт, со што потврдено е дека претседателот на Македонски Концепт д-р Петар Богојески ќе раководи со друга институција“, соопшти самиот Богојески.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје