БОЈКОТ: Дел од медиумите нема да ги следат протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“
Објавено во: Македонија 01 Март, 2017 14:46
Повеќе портали соопштија дека нема да ги следат протестите во знак на солидарност со нападнатите колеги од А1он, инцидент кој се случи вчера.
Од медиумите велат дека поради последниот напад, како и поради континуираните напади на новинарите, се решиле да не известуваат за протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“. Но, додаваат дека доколку има насилството и нови напади на протестите ќе ја известат јавноста, но нема да ги пренесуваат говорите и пораките на оние кои протестираат. Вчера беа нападнати новинар и снимател на А1он додека известуваа од протестот.
Од медиумите наведуваат дека сакаат да им се гарантира безбедност, но додаваат и дека организаторите на протестот не изразиле жалење за немилиот настан.
Повредените се пуштени на домашно лекување, а полицијата работи на расчистување на случајот. Снимателот и новинарот имале потрес на мозокот и други повреди.
Осуда имаше од ЗНМ и од повеќе политички партии.
Можеби ќе ве интересира
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан




