„Бојкотирам“ упати барања и најавија протест
Објавено во: Македонија 29 Октомври, 2018 12:12
Движењето „Бојкоторам“ упати пет барања по отворањето на постапката за уставни измени во Собранието и најави протести доколку истите не се прифатат. Станува збор за, како што велат од таму, итно и безусловно запирање на процесот на нелегалните уставни измени; еднострано правно поништување на октроираниот и веќе отфрлен т.н. Преспански договор; стриктно почитување на домашното и меѓународното јавно право; трајна заштита на Името на државата, Македонија, распуштање на Собранието и распишување на вонредни парламентарни избори.
Во продолжение го објавуваме соопштението од „Бојкотирам“
„Ние, граѓаните на Република Македонија,
Водени од мнозинската волја на народот изразена на двата референдума (задолжителниот од 1991 и консултативниот од 2018 година), се обединуваме против неуставниот и противзаконски т.н. Преспански договор!
Ги повикуваме сите здруженија, асоцијации, синдикати, институти, научни и високообразовни установи, неформални движења, интернет групации, политички партии, дијаспората, како и поединци, професори и други интелектуалци, уметници, спортисти, работници и др. – со сиот свој кредибилитет и јавен ангажман да се обединат сега, со една единствена цел: организирање континуиран и масовен ОТПОР кон посегнатите нелегитимни и нелегални уставни промени!
Нашата заедничка поддршка на овој Проглас не значи и наше идно заедничко политичко дејствување во борбата за власт на следните избори.
Сите општествени чинители коишто го подржуваат овој Проглас, без оглед на идеолошките, политичките, верските или етничките разлики, манифестираат почит кон владеењето на правото и загриженост за иднината на државата, потврдувајќи ја историската зрелост на нацијата, ставајќи го општиот пред личниот интерес заради остварување повисока цел – зачувување на суверенитетот на Републиката и на правото на самоопределување на народот.
Главната причина за ова движење е арогантниот однос на власта која игнорирајќи ја јасно изразената волја на граѓаните против неуставниот т.н. Преспански договор, манифестирана преку масовниот бојкот кој резултираше со неуспешен референдум, на кој 2/3 од избирачите не го одобрија истиот!
Затоа, во овој драматичен историски миг за нашата Република, заробена од корумпирана политичка клика што најдрско ја игнорира и народната волја и Уставот, БАРАМЕ:
- Итно и безусловно запирање на процесот на нелегалните уставни измени;
- Еднострано правно поништување на октроираниот и веќе отфрлен т.н. Преспански договор;
- Стриктно почитување на домашното и меѓународното јавно право;
- Трајна заштита на Името на државата, Македонија
- Распуштање на Собранието и распишување на вонредни парламентарни избори.
Изразуваме решителност дека, доколку не се прифатат горенаведените барања, ОТПОРОТ ќе продолжи и расте и несомнено ќе бидат употребени сите институционални и вонинституционални инструменти на ненасилен граѓански отпор“
Можеби ќе ве интересира
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив




