20 Март, 2023
0.0217

БОКИ 13 ДЕНЕСКА НЕМА ДА БИДЕ ОПЕРИРАН: „Ќе се направат детални иследувања, па ќе следи одлука на лекарскиот тим“, д-р. Јованов за Фактор

Објавено во: Македонија 17 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Поради влошена здравствена состојба Бојан Јовановски-Боки 13 денеска е примен на лекување во Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ или старата Градска болница во Скопје. Лекарскиот тим треба да ги направи сите иследувања и да донесе одлука каков тип на оперативен зафат ќе следува.

-Станува збор за млад човек заради што навистина треба да направиме детални испитувања и потоа да одлучиме каков вид на интервенција ќе следува. За среќа, нема перфорација, нема компликации кои налагаат итна операција. Ние ќе се обидеме да му помогнеме и со нашата стручност и професионалност да му ја подоброиме неговата здравствена состојба, вели д-р Јованов за Фактор, чиј пациент е Боки 13.

Утринава неговиот правен тим соопшти дека ќе следи тешка операција, односно отсранување на желудникот.

- Согласно специјалистичкиот извештај, ве информираме дека за извршувањето на операцијата која по својот карактер е сложена, високо - ризична и со неизвесен исход од истата, формиран е тим на повеќе хирурзи - специјалисти од областа кои ќе ја извршат операцијата, а истовремено напоменуваме дека хирурзите - специјалисти  се оградуваат од ризикот и одговорноста за исходот од оперативниот зафат, дотолку повеќе што тие навремено и повеќекратно даваа категорични препораки и укажувања преку конзилијарните стручни мислења да не дојде до оваа операција и да се избегне овој мутилантен хируршки зафат, од причини што самата хируршка интервенција е високо ризична и сложена, придружувана со можни компликации кои можат да бидат кобни за пациентот, беше наведено во соопштението. 

А. Б. 

Можеби ќе ве интересира

ВЕЧЕРВА СМЕ ДРАМАТИЧНО ЗАГАДЕНИ - Скопје е петти најзагаден град во светот, еве кои се пред нас на неславната листа

ВЕЧЕРВА СМЕ ДРАМАТИЧНО ЗАГАДЕНИ - Скопје е петти најзагаден град во светот, еве кои се пред нас на неславната листа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ахмети пееше пред митинг, а Грковска го опоменала Груби за играњето фудбал

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ахмети пееше пред митинг, а Грковска го опоменала Груби за играњето фудбал

Маричиќ: Владата е подготвена да ѝ даде на ВМРО-ДПМНЕ да ги формулира амандманите за Бугарите во Уставот

Маричиќ: Владата е подготвена да ѝ даде на ВМРО-ДПМНЕ да ги формулира амандманите за Бугарите во Уставот

Чаир е на Ахмети и на ДУИ, порача Артан Груби

Чаир е на Ахмети и на ДУИ, порача Артан Груби

Максим Димитриевски: Јас не плаќам даноци за да седите во кабинети и пеете

Максим Димитриевски: Јас не плаќам даноци за да седите во кабинети и пеете

„ГИ ОПОМЕНАЛА БРЕ, НЕ МИ СЕ ВЕРУВА“ - Најчевска со жестока реакција откако Грковска се огласи за функционери на ДУИ

„ГИ ОПОМЕНАЛА БРЕ, НЕ МИ СЕ ВЕРУВА“ - Најчевска со жестока реакција откако Грковска се огласи за функционери на ДУИ

Разбојници упаднале во продавница да крадат, но си заминале со празни раце

Разбојници упаднале во продавница да крадат, но си заминале со празни раце

Ковачевски за уставните измени: Јас не сум политичар којшто е дојден да убедува или да разубедува некого

Ковачевски за уставните измени: Јас не сум политичар којшто е дојден да убедува или да разубедува некого

НЕМА ДА ОДАТ ВО ЗАТВОР: Пратениците изгласаа амнестија за прекршителите на Ковид протоколите

НЕМА ДА ОДАТ ВО ЗАТВОР: Пратениците изгласаа амнестија за прекршителите на Ковид протоколите