Боки Јовановски и помогна за стан и работа на Драгица од Кратово, апелот за помош успешен
Објавено во: Македонија 15 Март, 2017 20:20
Боки Јовановски помогна да се реализира уште еден апел за хуманитарна помош, овој пат за самохраната мајка Драгица Јовановска од Кратово која била принудена да ги остави своите малолетни деца во дом во Скопје бидејќи немала работа и финасии да ги издржува.
Боки 13 е првиот кој одговорил на апелот и помогнал за Драгица да најде стан во Скопје за кој сметките ќе бидат платени за цела година, а откако таа ќе добие вработување ќе си ги земе двете дечиња на возраст од 14 и 6 години повторно да си живеат заедно.
„Позади оваа иницијатива не стои ниту една институција, туку лично јас. Ме трогна нејзината судбина, и секако судбината на нејзините деца и решив веднаш да реагирам. Веќе има неколку опции за вработување на Драгица, во ресторан во Скопје, а ќе и обезбедам и сместување во околината на Скопје. Ќе ги подмирам сметките за сместување во наредната година, мора да и се помогне на жената првин да се адаптира на новата средина, на новата работа, да се вклопи во животот и да стане самостојна. Значи, стојам зад неа во наредната година дена, се надевам дека до тогаш се ќе се среди и таа ќе може потоа да продолжи самостојно да заработува и да се грижи за нејзните деца. Секое дете заслужува среќен живот, да расте покрај мајка и да не заспива гладно“ изјави Јовановски за Фокус, каде всушност и беше објавена сторијата на Драгица.
Таа пак, ги искажа сите пофалби за нескромниот придонес на Боки Јовановски со чија помош ќе се потруди повторно да застане на нозе со своите деца.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




