Боко Харам покрена нов напад на Мајдугури
Објавено во: Свет 01 Февруари, 2015 11:19
Борците на Боко Харам покренале жесток напад на градот Мајдугури на североистокот од Нигерија, каде повеќе часа се борат со официјалните сили за контрола над таа стратешки клучна престолнина во нигериската покраина Борно, наведуваат сведоци.
„Целиот град е преплашен. Луѓето се плашат што ќе се случи доколку Боко Харам ги порази официјалните сили“, изјавил жител на Мајдугури.
Последниот обид на Боко Харам да го завземе Мајдугури се случи пред само седум дена, а го одбила официјалната војска.
Во тој напад милитантите, меѓутоа, го завзеле градот Монгуно, само 125 км оддалечен од Мајдугури, и ја ставиле под своја контрола тамошната воена база.
Повеќе воени експерти минатата недела рекле дека бунтовниците од групата на Боко Харам веројатно уште еднаш ќе се обиде да го завземе Мајдугури, пред да се одржат општите избори во Нигерија на 14 февруари.
Сведоци за агенцијата АФП изјавиле дека нападот на исламистите започнал утрово околу три часот по локално време , како и дека жестоките борби помеѓу бунтовниците и официјалните сили им потпомогнале на локалните борци да се одвиваат на јужниот дел од градот, пренесува Танјуг.
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




