05 Декември, 2025
0.0271

Болеста „јазлеста кожа“ причина за препукување меѓу АХВ и Николовски

Објавено во: Агробизнис 12 Мај, 2016 16:13

Добивај вести на Viber

Повторно обвинувања и дематирања за болеста јазлеста кожа која се шири кај добитокот низ земјава и регионот.

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски повторно го впери прстот во Агенциијата за храна и ветеринарство.

Николовски обвинува дека додека сточарите во паника ги бројат загубите во млеко и добиток и ги чекаат вакцините за да ги заштитат здравите животни, од Агенцијата даваат нејасни изјави  дали вакцините се набавени и кога ќе започне вакцинирањето.

„Штетата е голема и болеста опасно се шири токму поради задоцнетата  реакција на надлежните институции, исто така бараме  што поскоро да започне обештетувањето за млекото и добитокот  на сточарите“, изјави Николовски .

Тој му порача на директорот на АХВ наместо да и се правда на јавноста да се фати со работа исе стави болеста под контрола.

Од Агенцијата не останаа должни на овие обвинувања и децидно ги отфрлаат истите.

Тие велат дека изјавите на Николовски се некомпетентни и деструктивни и ги квалификуваа како лаги.

Велат дека со тврдењата тој сакал лажно да ја претстави сликата за агенцијата која преземала мерки за болеста.

„Во отсуство на идеи и незнаење, но и поради нестручно и несоодветно дадените совети од неговите советници кои немаат ниту еден ден искуство во справувањето со болеста „јазлеста кожа“ кај говедата, ниту со други болести кај животните, Николовски ја потврдува единствената цел - да ја искриви и лажно да ја претстави сликата за преземените мерки и за справувањето на АХВ со болеста“, пишува во соопштението  на агенцијата.

И додека надлежните се препукуваат меѓусебно, добитокот и сточарите страдаат.

Досега се регистрирани 34 жаришта во 14 општини,а најголем дел од нив во источниот регион. Потенцијално заразени се над 520 говеда. Поточно болеста е потврдена во Делчево, Виница, Пехчево, Берово, Штип, Василево, Босилово, Ново Село, Валандово, Демир Капија, Дојран. Во сите овие региони направени се заштитни зони во радиус од три, 10 и од 50 километри.

Сточарите од штипскиот регион велат дека и оние кои имаат здрави говеда трпат штети поради сточарите чии говеда се заразени од болеста. Млекарниците од овој регион се претпазливи при откупот, а дел од нив и во текот на вчерашниот ден не сакале да го откупат млекото од сточарите што немаат болни крави. Сточарите велат дека штетите се големи и бараат што поскоро да почне вакцинацијата.

„Мене ми го откупија млекото, но на сточарите од селата Селце и Драгоево повторно не им го откупувале млекото иако немаат заболени крави. Што да прават тие сточари да го фрлаат ли млекото, и они велат дека ќе го истураат во реката. Ние знаеме како да ги заштитиме кравите, хигиената ја одржуваме на високо ниво, прскаме против комарци и мушички во шталите, значи се што е до нас превземаме. Ние не сакаме да ни се заразат животните, од тоа живееме. Но не е се до нас, и општината треба да превземе мерки, да се прска авионски против комарци, не можеме ние покрај реката и мочуриштето да прскаме. И треба што поскоро да се почне со вакцинацијата“, вели Бранко Ристев,сточар од штипскиот регион.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?