16 Декември, 2025
0.0506

Болсонаро осуден на 27 години затвор за политички заговор

Објавено во: Свет 17 Септември, 2025 09:48

Добивај вести на Viber

Федералниот Врховен суд на Бразил го осуди поранешниот претседател Жаир Болсонаро на повеќе од 27 години затвор за обид за државен удар. Пресудата ја изрече судијата Александар де Мораес, откако мнозинството од членовите на панелот гласаа за осудата. На Болсонаро му беше забрането и да извршува јавна функција до 2060 година.

Одлуката на судот претставува преседан во бразилската историја, бидејќи ова е прв пат поранешен претседател да биде осуден за заговор против уставниот поредок. Неговите поддржувачи го обвинуваат судот за политички прогон, додека противниците велат дека судството покажало подготвеност да ги заштити институциите.

Веднаш по пресудата следеа реакции од Вашингтон. Државниот секретар Марко Рубио рече дека Болсонаро бил неправедно осуден и рече дека Америка ќе одговори на овој „лов на вештерки“. Портпаролката на Белата куќа, Керолин Левит, посочи дека САД не се плашат да употребат воена сила.

Синот на Болсонаро, Едуардо, кој е во Тексас, најави можни нови санкции од САД против судиите на Федералниот Врховен суд. За потсетување, САД веќе воведоа казнени царини од 50 проценти за голем број бразилски производи во јули, како и санкции за судските службеници.

Болсонаро ќе поднесе жалба, но малку е веројатно дека пресудата ќе биде поништена. Сепак, можно е неговата казна да биде намалена или заменета со домашен притвор. Неговите поранешни министри и генерали беа осудени на повеќе од 15 години затвор. Предлог за амнестија е објавен во Конгресот за 16 септември, иако Врховниот суд веќе изјави дека ќе ја прогласи секоја таква одлука за неуставна.

Политичката тежина на Болсонаро останува значајна. Според анкетите, Болсонаро сè уште има поддршка од околу 20 проценти од гласачите, најмногу меѓу евангелистичките христијани, кои сочинуваат околу 27 проценти од населението на Бразил. Доколку тој поддржи некого на изборите во 2026 година, тој кандидат речиси сигурно би влегол во втор круг против сегашниот претседател Луиз Инасио Лула да Силва.

Најверојатниот наследник на политичкото влијание на Болсонаро е гувернерот на Сао Паоло и поранешниот министер за инфраструктура Тарчисио де Фреитас. Тој веќе објави дека, доколку стане претседател, ќе го помилува Болсонаро во „првиот час“.

Сепак, борбата за амнестија или евентуално претседателско помилување може да доведе до нови конфликти меѓу политичките институции и судството. Во меѓувреме, сојузниците на Болсонаро се обидуваат да го мобилизираат евангелистичкиот блок и да го зачуваат неговото политичко влијание.

Со тоа, Бразил направи историски чекор. За прв пат, претседател осуден за обид за државен удар е испратен во затвор на долго време, но судбината на Жаир Болсонаро ќе продолжи да влијае на политичкиот живот на земјата од сенка, барем до следните избори.


Можеби ќе ве интересира

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?