Бордињон: Фискален совет без независни членови нема поента
Објавено во: Финансии 17 Септември, 2017 21:30
Новата Влада најави дека планира воведување фискален совет за контрола како се трошат парите од буџетот, но допрва ќе се анализира какви да бидат неговите овластувања. Масимо Бордињон, член на ваквото тело на Европската Комисија, во интервју за Алсат М, вели дека главна задача на фискалниот совет е да даде независно гледиште на политиката на трошење на јавните пари.
„Првата важна работа е независноста. Ако имате фискален совет кој на некаков начин е зависен од политичките партии или од Владата, тоа никогаш нема да функционира. Независност значи да биде составен од луѓе кои ќе бидат таму X години и кои нема да зависат од владини одлуки“, вели Масимо Бордињон, член на Европскиот фискален борд.
Според Бордињон, формирањето фискален совет овозможува поголема транспарентност што значи увид на граѓаните во тоа како се трошат нивните пари. Тој мора да биде составен од стручни луѓе кои ја разбираат проблематиката. Во однос на дилемата дали да има само советодавна улога или и право на вето на одлуките на Владата, за Бордињон поприфатива е првата опција.
„Една работа е извршната власт. Тоа е Владата, таа е избрана од граѓаните. Има мандат да прави одредени работи и треба да има можност да ги направи тие работи. Друга работа е фискалниот чувар кој следи што прави владата во однос на буџетските прашања и вели јас мислам дека ова не функционира. Да се има можност за вето, според мене, е премногу, бидејќи тогаш на техничко тело ќе му дадете можност да става вето на однесувањето на владата, која што ги рефлектира желбите на граѓаните“, додава Бордињон.
Според планот на Министерството за финансии телото треба да биде формирано до 2019 година и државата да ја чини по 165.000 евра годишно. Целото интервју со Масимо Бордињон ќе можете да го погледнете во новото издание на „Економски магазин“, кое ќе се емитува во среда во 22 часот и 30 минути.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави





