11 Декември, 2025
0.0266

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Објавено во: Финансии 02 Декември, 2025 09:36

Добивај вести на Viber

Управата за јавни приходи изготви водич за пријавување и одданочување на доходи остварени од странство. Согласно Законот за данок на личен доход, физичките лица, резиденти на државата, кои остваруваат доход од странство имаат обврска да го пријават преку системот е-Даночни услуги.

- Обврска за пријавување на доходот имаа сите физички лица кои оствариле приливи од странство по основ на доход од работа (плата, хонорари, интелектуални услуги, фриленс), доход од закуп (вклучително и преку платформи како Airbnb и Booking.com), капитални добивки (продажба на имот, криптовалути, хартии од вредност и др.), доход од капитал (дивиденди, камати, други финансиски приходи), авторски права, добивки од игри на среќа, и друг вид доход - се посочува во објавата на УЈП.

Додаваат дека приливи од странство кои не подлежат на оданочување се приливите добиени по основ на подарок, семејна поддршка, позајмица или трансфери преку Western Union, Ria, Moneygram и слични сервиси. 

- Сите детаи за ова одданочување може да се најдат на следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/1170

Практичното упатство за начинот на пополнување и плаќање на пресметката може да се види преку следниот линк  https://youtu.be/9P7RjC-Zjc8 - се истакнува во нивното соопштение. 


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИТОРИТЕ ЈА ЧЕКААТ ОДЛУКАТА НА ФЕД - се менуваат ли пазарните стратегии?

ИНВЕСТИТОРИТЕ ЈА ЧЕКААТ ОДЛУКАТА НА ФЕД - се менуваат ли пазарните стратегии?

Нов извештај од Германците покажува: Ова се најдобрите, а ова се најлошите автомобили

Нов извештај од Германците покажува: Ова се најдобрите, а ова се најлошите автомобили

„Буџетот не е само документ со бројки и табели – тој е економска порака за стабилност“: Димитриеска Кочоска од Собранието

„Буџетот не е само документ со бројки и табели – тој е економска порака за стабилност“: Димитриеска Кочоска од Собранието

СКОПЈАНИ „ДО ГУША“ ЗАДОЛЖЕНИ ЗА ДАНОК НА ИМОТ: На градот му должат над 36 милиони евра

СКОПЈАНИ „ДО ГУША“ ЗАДОЛЖЕНИ ЗА ДАНОК НА ИМОТ: На градот му должат над 36 милиони евра

МФ: Утре завршува рокот за запишување граѓански обврзници од третата емисија, каматата 4,5%, рочноста 2 години

МФ: Утре завршува рокот за запишување граѓански обврзници од третата емисија, каматата 4,5%, рочноста 2 години

Цена на златото во 2026 година: Дали историскиот пораст ќе продолжи?

Цена на златото во 2026 година: Дали историскиот пораст ќе продолжи?

ДАЛИ БИ ПРИФАТИЛЕ ВАКВА ПОЗИЦИЈА ЗА ПЛАТА ОД СКОРО 53 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ? ПИОМ е во потрага по раководител

ДАЛИ БИ ПРИФАТИЛЕ ВАКВА ПОЗИЦИЈА ЗА ПЛАТА ОД СКОРО 53 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ? ПИОМ е во потрага по раководител

ЕВЕ КОЛКУ ЗАРАБОТУВААТ ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЛИДЛ - не залудно е оценета како најдобра компанија

ЕВЕ КОЛКУ ЗАРАБОТУВААТ ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЛИДЛ - не залудно е оценета како најдобра компанија

Бакарот руши рекорди: Што стои зад ненадејниот скок на цените?

Бакарот руши рекорди: Што стои зад ненадејниот скок на цените?