Борис Џонсон го исклучи внукот на Винстон Черчил од својата партија откако му ги наруши плановите
Објавено во: Свет 04 Септември, 2019
Откако беше поразен во парламентот и пратениците што се одметнаа од неговата Ториевска партија ја презедоа контролата врз Брегзит придружувајќи им се на опозиционерите Лабуристи, британскиот премиер Борис Џонсон повика предвремени избори за „народот да одлучи што понатаму“.
Со 328 гласа „за“ и 301 „против“, беше донесена одлука да се донесе закон со кој ќе се спречи Брегзит без договор.
Џонсон смета дека по ваквата одлука, Парламентот е „на работ да уништи каков било договор“ кој неговата влада би можела да го постигне со Европската унија под условите за излегување на Велика Британија од блокот.
Според него, гласањето за блокада на Брегзит без договор ќе му даде предност на Брисел во преговорите.
Тој рече дека тоа ќе „донесе поголема неизвесност, доцнење и забуна“ и потврди дека не сака нови избори, но ќе ги објави за гласачите да решат кој ќе ги води преговорите за „Брекгит“.
Џонсон претходно изгуби мнозинство во парламентот кога дел од неговите конзервативци се преселилија во проевропската унија на либералните демократи.
Вкупно 21 конзервативци, вклучително и неколку министри од поранешната влада, се приклучија на опозициските партии, по што беа протерани од Конзервативната партија, пренесе Ројтерс.
Меѓу нив се Николас Самес, внук на британскиот лидер на Втората светска војна Винстон Черчил и двајца поранешни министри за финансии - Филип Хамонд и Кенет Кларк.
Во пресметка со премиерот, противниците на Џонсон рекоа дека сакаат да го спречат „да игра руски рулет со земја што некогаш се сметаше за безбеден столб на економската и политичката стабилност“.
Тие тврдат дека ништо не може да го оправда ризикот од „Брегзит“ без договор, што би ги нарушило економските врски со најголемиот британски пазар за извоз и неизбежно ќе донесе големи економски нарушувања.
Повеќе од три години откако Велика Британија гласаше да ја напушти ЕУ на референдум, текот на Брегзит останува нерешен.
Можните исходи се движат од бурен излез „без договор“ до откажување од целиот потфат, пренесува Ројтерс.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.