Бориславова вели дека Бугарија не бара малцинство во Македонија, туку нешто друго
Објавено во: Македонија 15 Мај, 2022 14:42
Шефицата на Кабинетот на претседателот на Владата на Бугарија, Лена Бориславова, како што јави дописникот на МИА од Софија, во изјава за Бугарската национална телевизија (БНТ) рекла дека она што бугарската Влада и лично премиерот Кирил Петков би сакале да видат е „некаков доказ дека Република Северна Македонија има сериозен однос кон говорот на омраза и дискриминацијата на бугарското етничко население”.
Според Бориславова, „Бугарија не бара малцинство” во земјава, туку вклучување на Бугарите како државотворен народ во Уставот на Република Северна Македонија, со цел „да ги имаат сите права што ги уживаат и другите народи”.
Таа негира дека Софија е изложена на „силен надворешен притисок” во врска со деблокадата на стартот на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, но нагласи дека во Бугарија во моментов има обид за внатрешно-политичка дестабилизација во однос на темата поврзана со земјава.
фото МИА
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




