20 Април, 2025
0.0297

Борко Ристовски поднесе оставка во РК Вардар за да биде министер

Објавено во: Македонија 20 Јуни, 2024 12:20

Добивај вести на Viber

Борко Ристовски објави денеска дека повеќе не е извршен директор на ракометниот клуб Вардар,откако мандатарот Христијан Мицкоски го прелдожи за министер за спорт во новоформираниот владин ресор.
„Почитувани спортски пријатели,

Уште една сезона е зад нас во која успеавме да направиме многу позитивни работи. Успеавме да го стабилизираме нашиот РК Вардар, да се вратиме едно скалило повисоко во однос на лани, и милиметри недостасуваа да бидеме на највисокото скалило. Горд сум што како дел од тимот и негов Извршен директор, направиме екипа која има квалитет, капацитет и добра хемија, потребни за остварување на резултати. Што го направивме Вардар пак да е фактор, и клуб кој е секогаш за врвни дострели.

Сигурно можевме и повеќе, и требаше да бидеме уште некој чекор понапред. Во спортот не може ништо да се планира однапред, но со добро организирање, тренирање и пред се силна волја секогаш се стигнува онаму каде сте тргнале. А ние тргнавме по патеки кои ни носат добри резултати. Успешно ги надминувавме и ги решававаме сите предизвици пред нас.

Професионалниот ангажман секогаш ви носи нови предизвици во кои влегувате, со идеја нешто да подобрите, да смените, да се борите за своите идеали и цели. РК Вардар ми овозможи да работам на тоа поле, и да размислувам за подобри услови, во клубот, но и за сите спортисти, и за сите клубови. Нешто што ни недостасува во спортот во целина. Подобри услови, повеќе спортисти, создавање идни горди ѕвезди и репрезентативци на Македонија.

Бидејќи прифатив да работам на тоа, и сум предложен за иден Министер за спорт во Владата на Република Македонија, сметам дека мојата идна функција и сегашната не се споиви. РК Вардар ќе остане во моето срце како клуб кој многу ми дал. Останувам да навивам за мојот Вардар, но, решив да се посветам на доброто на целиот спорт, на секој клуб, на секој спортист. Затоа во иднина се повлекувам од функцијата Извршен директор на РК Вардар која со љубов, желба и посветеност ја работев.

Убеден сум дека има многу квалитетни луѓе кои ќе го продолжат она што го почнавме и ќе продолжат уште појако. А јас ќе продолжам да бидам на страната на спортот, на сите клубови, на сите спортисти, и ќе се борам да ги добијат најдобрите услови за работа и да бидат горди претставници на својата Македонија.

Останувам отворен за секој дијалог, секој разговор, за се што е во интересен на македонскиот спорт“, објави Ристовски.


Можеби ќе ве интересира

НЕСРЕЌА: Воз удри во автомобил кај Зелениково

НЕСРЕЌА: Воз удри во автомобил кај Зелениково

ПОВРЕДЕНИОТ ЕФТИМОВ РАБОТИ СО ТИМОТ: Ќе има онлајн решение преку кое секој граѓанин ќе може да пријави неправилности

ПОВРЕДЕНИОТ ЕФТИМОВ РАБОТИ СО ТИМОТ: Ќе има онлајн решение преку кое секој граѓанин ќе може да пријави неправилности

НЕГОТИНЕЦ ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ: Украл автомобил и го возел пијан

НЕГОТИНЕЦ ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ: Украл автомобил и го возел пијан

ФИЛИПЧЕ: Секој од нас во себе има сила да придонесе да ја направи оваа земја подобра

ФИЛИПЧЕ: Секој од нас во себе има сила да придонесе да ја направи оваа земја подобра

ГАШИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Нашата должност е заеднички да градиме мостови на разбирање

ГАШИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Нашата должност е заеднички да градиме мостови на разбирање

СЕМЕЈСТВОТО Е МНОГУ БЛАГОДАРНО: Директорката на болницата од Италија дојде во Штип да го види пациентот

СЕМЕЈСТВОТО Е МНОГУ БЛАГОДАРНО: Директорката на болницата од Италија дојде во Штип да го види пациентот

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Најискрено се надевам дека Велигден ќе ни донесе утеха, добра мисла и оптимизам

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Најискрено се надевам дека Велигден ќе ни донесе утеха, добра мисла и оптимизам

МИЦКОСКИ: Нека светлината на Воскресението биде водилка во нашите заеднички напори за изградба на праведно и хумано општество

МИЦКОСКИ: Нека светлината на Воскресението биде водилка во нашите заеднички напори за изградба на праведно и хумано општество

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА Е ВО ЧИКАГО: Нека овој наш најголем христијански празник ни донесе мир

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА Е ВО ЧИКАГО: Нека овој наш најголем христијански празник ни донесе мир