26 Октомври, 2024
0.0285

АНТИКОРУПЦИОНЕРИТЕ ЌЕ ГИ „ЧЕШЛААТ“ ДОКУМЕНТИТЕ НА ХРИСТОВСКИ - по пријава се заинтересираа за новиот директор на АНБ

Објавено во: Македонија 22 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

И државните антикорупционери се заинтересираа за новиот директор на Агенцијата за нациоанална безбедност, Боја Христовски. 

По бројните написи во медиумите околу неговото назаначување, како и поплаките дека тој е назначен на ова високо инситуционално тело иако не исполнува услови, денеска се огласија и од Државната комисија за спречување корупција од каде посочија дека отвориле предмет за именувањето на Бојан Христовски за директор на Агенцијата за национална безбедност.

Сепак, овој предмет не е отворен на нивна иницијатива, туку откако до Антикорупциска пристигнала анонимна претставка во која пишувало дека тој наводно не ги исполнува условите за да биде директор.

Претседателката на Антикорупциска, Татјана Димитровска потврди дека до нив стигнала ваква претставка и дека по неа е оформен предмет и веќе се постапува.

- Наводите се однесуваат на неисполнување на услови за именување на директор. Конкретно во делот на образование, стекнување со безбедносен сертификат, како и припадност на политичка партија. Тоа се наводите во оваа анонимна пријава. Предметот е распределен кај член. 

Ќе се отпочне со обезбедување на потребна документација до АНБ и Владата како орган кој го именува. По рокот за достава на овие податоци од 15 дена, и по обезбедување на документација и утврдување на фактичката состојба ќе донесеме одлука на јаван седница - изјави Димитровска.

Именувањето на Бојан Христовски за директор на институцијата задолжена за безбедноста и контраразузнавањето предизвика бројни реакции во јавноста. Дел од нив се однесуваа на тоа дека новиот директор нема соодветен сертификат за познавање на англиски јазик, ниту дека има безбедносен сертификат, а под знак прашање е и неговото петгодишно работно искуство на високи позиции

Владата на седница на 16 октомври го разреши директорот на Агенцијата за национална безбедност Зарко Милошевски, а на негово место го именува Бојан Христовски. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ЗЕЛС ќе посредува за надминување на конфликтот со градоначалниците

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ЗЕЛС ќе посредува за надминување на конфликтот со градоначалниците

И ЕПИДЕМИОЛОГОТ ДАНИЛОВСКИ СЕ ВАКЦИНИРАШЕ ПРОТИВ ГРИПОТ: „Се вакцинирав како припадник на генерацијата 65+„

И ЕПИДЕМИОЛОГОТ ДАНИЛОВСКИ СЕ ВАКЦИНИРАШЕ ПРОТИВ ГРИПОТ: „Се вакцинирав како припадник на генерацијата 65+„

ВМРО-НП: Уште еднаш бевме сведоци на невидено понижување на една држава која си ја прославува окупацијата

ВМРО-НП: Уште еднаш бевме сведоци на невидено понижување на една држава која си ја прославува окупацијата

ФИЛКОВ: Време е за освежување во Комисијата за помилување

ФИЛКОВ: Време е за освежување во Комисијата за помилување

ЗАЈАС: Кучиња-скитници убиле 21 домашно животно

ЗАЈАС: Кучиња-скитници убиле 21 домашно животно

„ЗЕЛС Е ОБИЧЕН ПАРТИСКИ КОМИТЕТ НА ВМРО-ДПМНЕ“: Јакимовски вели „нема никаква врска со развојот на локалната самоуправа“

„ЗЕЛС Е ОБИЧЕН ПАРТИСКИ КОМИТЕТ НА ВМРО-ДПМНЕ“: Јакимовски вели „нема никаква врска со развојот на локалната самоуправа“

Обвинение против Национален парк Пелистер и директорот, исечени и продадени 109 дрвја без дозвола

Обвинение против Национален парк Пелистер и директорот, исечени и продадени 109 дрвја без дозвола

КРИСТАЛНО ЈАСНА Е ПОРАКАТА, ВИЕ СТЕ СЕ ЗАЛОЖИЛЕ ДА ГО СМЕНИТЕ УСТАВОТ: Ванковска кажа кој е приоритетот на ЕУ, а тоа не е Македонија

КРИСТАЛНО ЈАСНА Е ПОРАКАТА, ВИЕ СТЕ СЕ ЗАЛОЖИЛЕ ДА ГО СМЕНИТЕ УСТАВОТ: Ванковска кажа кој е приоритетот на ЕУ, а тоа не е Македонија

Град Скопје: Донираните автобуси „Соларис“ се за цела Македонија, Орце Ѓорѓиевски е недоветен

Град Скопје: Донираните автобуси „Соларис“ се за цела Македонија, Орце Ѓорѓиевски е недоветен