16 Декември, 2025
0.0731

Босански министри и должат на државата милиони евра!

Објавено во: Балкан 14 Јануари, 2014 09:01

Добивај вести на Viber

Двајца министри во БиХ, кои имаат приватни фирми, должат милионски износи по основ на царина и данок на додадена вредност (ДДВ), пишува сараевскиот весник Дневни аваз. Весникот наведува дека станува збор за федералниот допремиер и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Јерко Иванковиќ Лијановиќ и министерот за труд, социјална политика и бегалците на Зеничко-добојскиот кантон, Ивица Чуриќ. Двајцата министри заедно, на државата и должат преку 11 милиони марки (околу 5,5 милиони евра). Според списокот за ДДВ должници кој неодамна го објави Управата за индиректно оданочување (УИО) на БиХ, компаниите кои се во директна или индиректна сопственост со Лијановиќ, по овој основ, должат околу пет милиони марки (2,5 милиони евра). Станува збор за фирмите на Лијановиќ, "MИ-MO" (Мостар), "Фармер месна индустрија Широк Брег i "Тутунско поле Томиславград". Министерот Ивица Чуриќ е основач на претпријатието "НБИ Чуриќ Жепче“, кое на списокот на УИО се наоѓа на шестото место на најголеми должници за ДДВ. Весникот наведува дека Лијановиќ и Чуриќ земале и кредити кои на нивните компании, без покритие, ги делел поранешниот директор на „Хипо Алпе-Адриа Банка Мостар“, Петар Јуриќ и дека во обвинителството во БиХ се води случај против Јуриќ и браќата Лијановиќ, поради организиран криминал. А.А.  

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството