Добивај вести на Viber
Во првата половина од 2013 година, во БиХ, одобрени се вкупно 3,2 милијарди конвертибилни марки (КМ) нови кредити, што е за 15,4 проценти или 427 милиони КМ повеќе во однос на истиот период минатата година, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за банкарство. Тоа значи дека граѓаните на Босна и Херцеговина секоја година се повеќе се задолжуваат, пренесува агенцијата Франс прес.
Здруженијата на потрошувачите секојдневно предупредуваат на тоа дека граѓаните поради тешката економска ситуација се принудени да подигнуваат ненаменски кредити, а потоа нови кредити со цел да ги затворат старите долгови. Меѓутоа тие објаснуваат дека е невозможно да се преживее без кредит.
Особена загриженост предизвикуваат постојаните нови задолжувања на граѓаните кои лесно можат да завршат во тешка ситуација кога повеќе нема да имаат од каде да позајмат.