Бошњаковски: По уставните измени, ООН нема да дискутира за договорот
Објавено во: Македонија 03 Октомври, 2018 12:20
Пратениците од опозицијата да ја следат волјата на граѓаните кои гласаа ЗА на референдумот и да ги изгласаат уставните измени во Собранието, изјави портпаролот на Владата Миле Бошњаковски на прес конференцијата прашан за разговорите околу идните чекори и можните преговори Зоран Заев, Христијан Мицкоски. Тој вели дека очекува да се обезбеди двотретинско мнозинство, но дали ќе има разговори меѓу двајцата лидери остави да кажат самите на политичко ниво.
„Да нема дилема референдумот јасно и недвосмислено го искажа волјата на мнозинството граѓани. Пораката е испратена уште вечерта. Собранието, парламентарците треба да ја почитуваат волјата на граѓаните. Нема дилема дека процесот е во Собранието и треба да се обезбеди двотретинско мнозинство. За разговорите треба да се обратите на политичките субјекти. Ако се исцрпат и овие можности има и втора демокраста алатка, односно избори, рече Бошњаковски.
Тој информираше дека откако ќе се усвојат уставните измени во РМ и откако ќе се ратификува договорот во Република Грција двете или едната ќе испрати инфо до Генералното собрание на ООН кој ќе достави информација дека е постигнат договор и прашањето ќе биде затворено. Советот за безбедност нема да постапува ниту да олучува.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




