БОЖИЌЕН ПОДАРОК: „Самсунг“ ја затвори најголемата продавница во Британија!
Објавено во: Мои пари 25 Декември, 2014 17:35
Јужнокорејската компанија „Самсунг“ , без претходна најава, одлучила да ја затвори својата најголема продавница во Велика Британија, „Experience Store“ во Лондон, која се наоѓа во трговскиот центар „Vestfild Stratford“.
Крајот на оваа година е несомнително тежок за овој јужнокорејски гигант. Демонтирањето на продавницата почнало во ноќта помеѓу 23 и 24 декември, кога сите вработени се известени за отказот, што во очи на Божиќ сигурно не е најдобар подарок.
„Самсунг“ прецизирал дека сака и понатаму да ги задржи другите продавници во Велика Британија, но затварањето на најголемата меѓу нив не е е позитивен сигнал дека ќе биде продолжен модел на продажбата и престставувањето на производите по примерот на феномен на Епловите продавници Apple Store, објавено е на веб сајтот kulturegeek.fr.
Ова забрзано затварање на продавницата многумина ги изненади а можеби не требало, со оглед на тоа дека „Самсунг“ во третото тромесечие оваа година забележал резултати во текот на работата кои се во „слободен пад“ , како и константен пад на продажбата на мобилните.
Произведувачот очигледно одлучил да ги намали трошоците и тоа што порано, што е помеѓу останатите несомнителен индикатор дека резултатите за тромесечието кое е во тек, нема да овозможи да се надминат негативните состојби во кои се најде.
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА




